Жената многу простува. Ако љуби, секако. Па дури и ако не љуби, туку жали. Или почитува. Или само поради благородност на жената. Може да прости неверство, грубост, мрзливост. Дури и предавство.
Но, постои една работа која не треба да се прости, а се простува. Но, непоправливо влијае на односот. Секогаш. Тоа е ситуација кога мажот не ја заштити. И не е важно од што: од лошо куче, од грубиот продавач или чувар. Или од своите роднини, што е најчесто.
Не е важно од кој и од што. И аргументите се најважните глупости: ‘Зошто да правам скандали?’ ‘Сама ќе се разјасниш со нив!’ ‘Можеш ти сама да се заштитиш, не ти требам јас’… Можеме. Учиме малку по малку и на крајот вистински можеме да се заштитиме себеси.
Но, нашиот маж не не’ заштити. И тоа се помни засекогаш. И непоправливо може да ни го расипе односот. Затоа што е заштитата главна особина на мажот, поради која може се’ да му се прости. Да чува и да заштитува е најважно кај мажот. И во неговата љубов е тоа главно. Се’ друго може да биде заборавено и простено.
И многу жени кои престанале да сакаат, не можат веднаш да се сетат на причината. Не сакаме да се сетиме- тоа е тешко. Но, причина секогаш постои. И најчесто е во тоа- што не бевме заштитени. И успеавме сами. И станавме силни и паметни..
А таков маж не ни е потребен ниту биолошки ниту психолошки, мажот кој не може да ја заштити својата жена. И својата љубов.
Затоа штитете не’. И запомнете- најсилната и најсаканата жена во душата никогаш нема да заборави дека не беше заштитена. Иако понекогаш има такви ситници, зарем не?
Leave a Reply