Жена магнет: На што мажите не можат да одолеат?

Многу е тешко да знаете што мажите мислат, бидејќи секој поединец има своја перпектива за животот и за тоа како работите треба да се одвиваат. Меѓутоа, одредени истражувања сепак покажуваат, барем кога станува збор за поубавиот пол, дека мажите повеќе се привлечени од одредени особини кои жените ги имаат. И поради тоа ги сметаат за неодоливи.

Пријателство. Поголемиот број мажи сакаат со својата партнерка да разговараат буквално за се’, за најголемите проблеми и ситуации кои се чинат неважни и тие да им даваат подршка. Оваа особина им е неодолива поради тоа што знаат дека можат безусловно да и’ веруваат.

Независност. Независната жена е вистински магнет за мажите. Овде не станува збор за финансиска независност (иако немаат ништо против тоа) туку за жената која знае што сака во животот. Жената која има свое хоби и која не е поводлива. Мажите на таквите жени секогаш им даваат предност.

Опуштеност. Поголемиот број на мажи имаат тенденција лошо да реагираат кога е во прашање притисок. Тие не сакаат да бидат приморани да извршуваат работи кои не ги сакаат или не сакаат да ги прават. Повици и СМС на секои половина часс секако се едни од работите кои не им се допаѓаат. Тие од своите партнерки сакаат да е опуштена и да не ги присилува на било што.

Еднаквост. Фактот дека поголемиот број на ‘нормални’ мажи почитуваат и веруваат во еднаквост и рамноправност на половите. Повеќе не живееме во време кога жените мора да бидат дома и да се грижат за семејството и децата. Жените кои мислат дека мажите и жените во се’ се рамноправни се вистински магнет.

Разумност. Многу мажи ги сметаат мудрите жени многу привлечни. Зошто? Затоа што се зрели, знаат што сакаат и кажуваат што им е на ум. Освен тоа, зрелоста ви помага во незгодни ситуации да се однесувате мирно и мудро, без претерана ‘драматургија’. Овој тип на жени реагираат кога ќе видат лошо однесување и ќе кажат дека не им се допаѓа, бидејќи сакаат да ги променат работите на подобро.

Култура. На мажите не им се допаѓа жена без манири. Затоа жената која има убаво воспитание и манири е секако најпривлечна.

Leave a Reply

Up ↑

%d