Каков профил е злоставувачот во врска или брак?

Психичкото малтретирање и злоставување се случува се’ почесто и тоа е всушност во најголем број случаи, предуслов за физичко злоставување. Вистина е дека отсекогаш тоа постоело, но за жал порано на тоа не се обрнувало внимание. Одредени знаци можат да укажат на оваа мрачна страна која ја имаат се’ поголем број на мажи, а овие се најчести.

Љубомора и посесивност. Многу жени погрешно се чувствуваат привилегирано кога партнерот со кој се во врска е ‘загрижен’ поради вниманието кои тие можат да го упатат кон друг маж или тој нив. Љубомората не се споредува со љубовта и таа може да биде знак за внимание, посебно ако се покажува на лут, критичен начин.

Контрола. Чувајте се од мажи кои се однесуваат како да сте нивна сопственост и кој се обидува да контролира што ќе облечете или правите.

Изолација. Дали тој се обидува да ве оддалечи од семејството и пријателите? Ова е обично увод во злоставување.

Зголемено критикување. Ова вклучува секојдневно ‘звоцање’ околу важни или неважни работи: ‘Косата ти е прекратка’ ‘Не се однесуваш по мои правила’

Краток фитил. Овој тип на мажи често знае да биде импулзивен, брзо ќе пламне, има проблеми на мирен начин да ги покаже фрустрациите и редовно има краток фитил дури и околу неважни работи.

Префрлување на вината на другите. Некако, тој никогаш не е виновен за било што. Некако, секогаш некој друг тоа го направи погрешно и виновен е тој ‘некој’.

Кога пијат, стануваат злобни. Ова е лош знак.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: