5 машки тајни кои не можат да ги кажат а сакаат да ги знаете

Со оглед дека мажите многу ретко знаат да читаат меѓу редови, тие најчесто кажуваат она што мислат. Меѓутоа, постојат и некои работи кои мажите не ги сакаат, а потајно посакуваат да ги знаете. За што се работи?

Ајде да… Да, мажите постојано мислат на секс. Просечен маж под 60 години, барем еднаш дневно мисли на секс, а мажите многу повеќе фантазираат од жените. Дури и ако имате лош ден и кога се чувствувате ‘дебело’, мажите тоа не ги интересира и речиси се секогаш подготвени за секс.

Јас и само јас. На мажте им е потребно време само за нив. Тоа не значи дека тие не сакаат да бидат со вас, туку му е потребно време да се одморат од се’. За разлика од жените, мажите немаат потреба да ја напуштат куќата и да одат во шопинг или на спа третман- доволно им е да лежат пред телевизор. Не велиме дека тоа не е во ред.

Стапици. Мажите не сакаат стапици. Кога ќе ги прашаш: ‘Дали изгледам дебело во оваа гардероба?’ му поставуваш класична стапица и тоа воопшто не му се допаѓа. Иако важи и за изјавите од типот: ‘Немој да ме сфатиш погрешно,но…’ или ‘Дали може да те прашам нешто, а да не се налутиш?’

Мислам значи кажувам. Тој мисли она што го кажува. Можеш да помислиш дека постои некој скриен мотив или скриено значење и можеш да го прашаш истото прашање шест пати, но, одговорот ќе биде секогаш ист. Кога ќе каже ‘во ред’ тој навистина така мисли.

Се’ тие знаат. Жените отсекогаш се жалат на тоа дека на телевизија се претставуваат нереално. Па, исто важи и за мажите. Тие знаат како да ја тргнат флеката од кошулата, знаат како да се грижат за децата и знаат да готват и тоа добро. Мажите сакаат да бидат ценети поради работите кои ги прават и затоа покажете ја својата љубов кога вашиот човек ќе се потруди и ќе направи нешто посебно.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: