Не ве цени? Ви треба доказ?

Не верувате во иднината на својот љубовен однос и сметате дека партнерот не ве цени доволно? Ако се препознавате во овие точки, тогаш дефинитивно треба да го замените со подобар маж.

Нема време за вас. Меѓутоа, секогаш ќе најде време за други луѓе и ги откажува вашите планови за да се дружи со нив.

Никогаш не ви кажува ‘Благодарам’. Го сакате и се обидувате да му угодите, се грижите за него, му готвите омилени јадења, а тој никогаш не е благодарен за тоа. Најверојатно тој не е вреден за таков кралевски третман.

Не ве прашува за совет. Кога носи одлуки нема да ве побара, дури ниту кога тие одлуки ќе влијаат на вашата врска.

Не го интересира вашето мислење. Вие и тоа како имате право на глас во се’ што се однесува на вашата врска, но тој ги занемарува вашите ставови и не прашува за ваше мислење.

Прави планови без вас. Доаѓа дома и ве известува дека ќе одите на вечера со своите пријатели, а претходно не ви се јави да ве праша дали вие воопшто имате време и расположение да излегувате. Не само што не ве цени вас туку не го цени ниту вашето време, бидејќи смета дека за него мора да бидете секогаш достапни.

Мрзлив е. Ви ги остава сите домашни обрски и не му паѓа на памет да ви помогне. Во здрава врска обврските се делат на пола.

Мисли дека ‘секирата ви паднлаа во медот’. Сака да се пофали дека е прекрасен и мисли дека треба да бидете среќни и благодарни, бидејќи сте со него. Верувајте, има многу подобри мажи, а вие заслужувате еден од нив.

Ве изневерува. Дали ви треба силен доказ дека ниту малку не ве цени? Заменете го со добар маж, под итно.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: