Сите добри мажи се оженети и затоа си сама?

Некогаш изговорите се оние што не’ спречуваат да постигнеме одредени цели во животот. Во голем број случаи, истата работа е и со врските. Ако сте вие една од тие личности која ги има следните изговори, факт е дека за тоа што сте сеуште сами ги обвинувате погрешните фактори. Всушност, најмудрата работа која можете да ја направите е да прифатите дека сте сами од причини кои се потполно под ваша контрола.

Не постои никој кој ми одговара. Да бидеме искрени за момент: понекогаш навистина се чини дека сите добри мажи се зафатени. За поголемиот број жени, но и мажи, тоа не е статистички податок поради кои се сами, туку изговор. Отворете ги очите, погледнете наоколу- романсата може да биде веднаш до вас.

Сите добри мажи се веќе оженети. Едноставно речено, ова сигурно не е вистина. Размислете за тоа со кој се дружите и на какви места одите. Она што треба да направите- почнете да се движите во друштво на луѓе кои не се во брак. Што повеќе луѓе запознавате, ќе остварите повеќе врски со потенцијални идни партнери.

Морам да ослабам пред да запознам некој. Префрлување на вината на својот физички изглед е вообичаена појава, но не и толку легитимна. Можеби имате некое килце повеќе или едноставно посакувате да ја достигнете посакуваната тежина. Многу е лесно во таква состојба да ги одложите излегувањата и запознавањата, но потребно е да се борите со внатрешните демони! Колкави се шансите дека некогаш вистински ќе го сакате своето тело? Не така големи, зарем не? Значи, не го одлагајте пронаоѓањето на потенцијалниот партнер. Во крајна линија, физичкиот изглед е навистина важен, но не и пресуден.

Премногу зафатена. Освен ако не спиете во нов град секоја вечер или не работите неколку различни работи кој ви го одземаат сонот, имате време за запознавање. Можеби не ви се допаѓа идејата за излегување, но не ги залажувајте дека немате време за тоа. Запомнете, измислување на изговори нема да ве донесе до целта. Излегувајте и запознавајте нови луѓе.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: