Aко не се труди околу тебе, не му требаш

Сите сомнежи, постепено ја уништуваaт жената, бидејќи само довербата дава чувство на стабилност и смиреност. Излезете од чудните, непотребни односи кои ви ја црпат енергијата. Мажот кој е заинтересиран за вас секогаш ќе биде упорен. Тој ќе пронајде начин да ве освои, дури и ако е флегматичен или едноставно не е најактивен маж на светот.

Ако мажот не се труди околу жената, нему не му треба таа жена и всушност не ја сака. Мажот кој навистина е заинтересиран ќе се потруди да ги вложи сите ресурси во вашиот однос: време, пари, прилики. Секако, можностите на сите луѓе се различни, но вие секако ќе почувствувате. Ќе почувствувате добар однос кон вас.

Неговата желба, неговиот интерес за вас како за жена, а не како за мајка, девојка или жртва. Со него ќе се чувствувате како жена која се обожава и цени, а не личност која се користи и држи за она што само вие давате. Нема да чувствувате напнатост, ќе чувствувате смиреност, бидејќи тој е заинтересиран за вас. Го интересираат вашите чувства и соништа, неговите планови се поклопуваат со вашите, го интересира вашето мислење и здравствената состојба.

Тешко е тоа да не се забележи. Ако се сомневате во сето ова, едноставно тоа не е така. И тоа мора да се препознае. И излезете од чудните, непотребни односи кои ви ја црпат енергијата. Всушност, сите сомнежи исто така постапно ја уништуваат жената, само потполната доверба дава чувство на стабилност и смиреност.

Најдобрата дијагноза на една врска- вие сте смирени, а мажот е во лесна напнатост. А не обратно. Лесна напнатост кај мажите е покана на акција! Тоа е енергија која се претвора во акција, тежнеење, планови. Потполната смиреност во мажот го носи до негова деградација. Потиснување на неговата машкост. Луѓето во принцип не тежнееат кон постигнувања ако се’ им одговара. Секоја личност по природа е мрзлива. И животните исто така.

Лавот не размислува како ќе го улови пленот и ќе го чува дури не огладни. Кога е гладен тргнува во лов и ја задоволува својата глад. Светот е многу поедноставен отколку што мислиме. Ние го правиме отежнат. Недостатокот на полн интерес значи само негов недостаток. Ништо повеќе.

Elena Musaelya

Извор: econet.ru

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading