Разликата помеѓу лажење и искреност кога се даваат комплименти е многу тенка, а во секојдневните разговори се среќаваме со двете. Понекогаш е тешко да се процени дали мажот дава искрени комплименти или се тоа само лаги за да ја придобие вашата наклоност. Жените кои се гладни за машко внимание се тие кои најчесто не знаат да ги распознаат овие две работи. Тие лесно паѓаат на слатки зборови, манипулации и тактики.
И на крајот, за жал често се измамени и насамарени. Еве како најлесно да ги процените машките намери. Кога ќе ви упати комплимент, заблагодарете се и прашајте да ви објасни што всушност мисли. На пример, ако ви каже ‘Ми се допаѓа како си интелигентна’. Кажете благодарам и ‘по што тоа го заклучи’. Ако почне да набројува конкретни примери кога ја забележал вашата инелигенција тогаш е искрен. Ако сепак не може да пронајде ниту еден пример тогаш се големи шансите дека тоа го кажал само за да се извлече некоја корист.
Ако мажот вели дека сте многу убави, прашајте го што најмногу му се допаѓа на вас. Искрен маж без двоумење ќе знае да каже, додека лажов и манипулатор ќе пелтечи и ќе се обиде да премине на друга тема. Ако се сомневате во неговата искреност секогаш барајте тоа да го ‘документира’.
Лажењето е исто така работа на навика. Тоа потекнува од дома, односно од воспитувањето. Некои луѓе се научени да лажат бидејќи никој не им објаснил дека тоа е погрешно или можеби повеќе луѓе во нивното опкружување лажеле. Не мора нужно да се игнорира мажот кој понекогаш ќе каже некоја лага.
Само објаснете му колку искреноста ви е важна и дека мора да ја почитува. Ако и после тоа продолжи да лаже, тогаш е работа на лош карактер и непочитување.
Leave a Reply