Слаб маж не умее да сака силна жена- таа се сака поинаку од другите

Силната женаа воопшто не е компликувана во љубовта како шпто мислат многумина. Љубовта со неа можа да биде сјајна, но за силен маж. Да се биде силна жена е нешто што секоја жена си го посакува за себе, но тоа често носи и некакви негативни работи со себе. На пример, силната жена често има потешкотии во пронаоѓање на маж, бидејќи не знаат сите мажи да се носат со силна жена.

Многу мажи таквите жени ги гледаат како конкуренција, сопарници. Многумина не можат да се носат со нив бидејќи не се доволно силни или потајно им завидуваат. Некои им се плашат бидејќи имаат чувство дека не се доволно добри за силна жена или дека секогаш ќе даваат повеќе и повеќе за жената да биде задоволна.

Вистина е дека љубовта со силна жена е лесна и прекрасна, но само за оној кој може да се носи со неа. Силниот маж покрај силна жена секогаш ќе биде среќен и секогаш ќе биде победник. Тој ќе има подршка како многу мажи што ја немаат покрај својата жена.

Дури и многу тешки моменти стануваат подносливи покрај силната жена, бидејќи таа помина низ многу потешкотии и знае да се носи со се’. Таа не застанува на првата препрека туку е доволно мудра да знае дека кукањето и плачењето нема да и’ помогнат.

Силната жена не се потпира на својот ум и аналитичкото размислување, што значи дека секогаш полесно се решаваат многу проблеми. Иако многу мажи сметаат дека силните жени се многу компликувани, тие всушност се полни со разбирање и многу е едноставно да се разберат.

Кај нив нема игри, тактика и глуматање, секогаш се директни и јасно даваат до знаење што им е потребно и што сакаат. И токму напротив, силните жени не бараат премногу од својот маж, тие се свесни дека совршенство не постои и свесни се дека секој дава онолку колку што може.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: