Постојат мажи кои се толку незрели и нарцисоидни што никогаш не сакаат да ги признаат своите грешки. Со нив е тешко да се разговара, тешко е да им се укаже на грешките а уште потешко да им се објасни кога не се во право. Не можете да го промените човек кој не го гледа проблемот во себе.
Не можете да го смените човекот кој навикнал да ги обвинува другите луѓе за се’ бидејќи одбива да верува дека тој некаде греши. Можете да викате и да ја корнете косата од главата, таков човек нема да разбере. Ќе му успее само да ве убеди дека сте луди и хистерични, драматични, неуротични и кој знае уште што друго…
И на крајот ќе поверувате во тоа и ќе ја напуштите таа расправа понижени. Приговарање во такви ситуации не помага, труд да го промените не помага.. Во секој обид да објасните дека вашиот партнер греши само повеќе ќе страдате. Што да правите во такви моменти?
Објаснете му на својот партнер дека веќе ви е смачено од такво однесување и дека таков маж не ви треба. Мажите се често мрзливи да размислуваат се’ до моментот кога се пикнати во ќоше. Потребно е да им дадете благ ултиматум за да размислат дека ако стигнале до таква ситуација тогаш навистина грешат во своето однесување. Приговарање и замерки не слушаат. Многу мажи се научени да се исклучат кога жената приговара и залудно се трудите да го смените. Тоа не е правилна тактика.
Кога живеете со маж кој не сака да ги увиди своите грешки и постојано ве овбинува- сетете се дека имате работа со незрел нарцис. Но, тоа не е она што заслужувате. Заслужувате многу подобро. Не фрлајте време на луѓе кои не знаат да комуницираат и кои не сакаат да се трудат во вашиот однос. На такви само фрлате најдобри години од својот живот.
Leave a Reply