Овен
Вие сте лесен плен за искусните шармери и заводници, реагирате спонтано, нагонски на еротскиот повик за авантура. Приликите за флерт се достапни од сите страни, на пример тоа може да биде слаткиот колега или згодниот сосед. Грижата на совеста поради постојаниот партнер ја чувствувате дури кога ќе заврши авантурата.
Бик
Иако вие сте тврдина која е тешка за освојување, оној што добро ќе се помачи околу вас, може да ве заведе. Шансите му се зголемуваат ако е упорен, нежен и ве опсипува со подароци, чоколади и цвеќе, и ако е крај вас кога ви треба поддршка. Ако со часови ве гали и бакнува, нема толку да мислите на постојаниот партнер.
Близнаци
Вас е лесно да ве заведат, тоа вие секогаш го посакувате, затоа што без флерт и авантура животот не ви е доволно интересен.Дури и тогаш кога ќе се заколнете на верност кон партнерот, големи се шансите да паднете на нечиј шарм.
Рак
Иако сте посветени, копнеете за авантура и грев, особено ако партнерот постојано ве запоставува. Тивка музика, опуштена атмосфера, искусен додворувач кој ништо не препушта на случајот, ве влечат во авантура. За секој случај, останете во контакт со освојувачот или фаталниот заводник.
Лав
Иако сте многу темпераментни, не скршнувате туку-така од вистинскиот пат. За да ве освои некој, мора да ви пружи многу повеќе од постојаниот партнер, затоа што за „кралицата“ треба доста да се потруди. Дури кога ќе се уверите дека „жртвата е принесена“, додворувачот може да се надева на еротски состанок со вас.
Девица
Ви сте тврд орев кој не е лесно да се скрши. Вашата вродена смисла за реалност спречува да влетате во непромислена авантура. Но и тој ваш „стегнат“ ерос еднаш може да попушти, и вие тогаш се препуштате на уживањето.. можеби со оној шарматен насмеан колега од работа.
Вага
Сакате долго да ве освојуваат и шармираат. Сепак на шармантен џентлмен со убави манири, тешко дека ќе одолеете. Ако е дискретен и страстен, роден е за романса со вас. Иако уживате во целата игра на заведување и предавање, постојаниот партнер не го испуштајте од вид, а ни од рака.
Шкорпија
Вие секогаш, па и во љубовта играте на сѐ или ништо, и сакате кога некој се бори за вас. Одолевате дури и на долготрајно додворување на згодниот фраер кој секогаш ве голта со поглед. Ако барем малку се посомневате во верноста на партнерот, без грижа на совеста, се препуштате на тој што е ваша тајна еротска опсесија.
Стрелец
Како што рибата не може без вода, така и вие не можете без слобода, особено кога сте зафатени. Вашиот огнен темперамент и топлата еротска природа, кај многумина будат желба да ви се приближат. Уживате во флерт и авантури, кога додворувачите се трудат околу вас, или кога колегата јасно ви става до знаење дека ве сака.
Јарец
Склони сте кон авантури, но мислите. Сепак, вашите соништа некогаш и се остваруваат. Оној што ќе успее да ве фасцинира со професионалните успеси и друштвениот статус, има шанси и да ве освои. Но, тоа не е доволно. Повеќе од романса посакувате сродна душа.
Водолија
Вие најчесто „паѓате“ на прв впечаток и физички изглед. Незадолжителна авантура ве привлекува, така што секогаш го задржувате она што ви е најважно, а тоа е личната слобода. Понекогаш ви е доволна и пријателска насмевка и зборување на заеднички теми, па обичниот флерт прераснува во нешто друго.
Риби
Вие не можете да живеете без љубов. Авантурите за вас се само бегство од суровиот свет кој ве плаши. Вашиот топол, искрен пристап и искрите во вашите очи можат да го распалат еротскиот жар кај повеќето додворувачи. Вас може да ве освои само некој како вас, кому никогаш не му е доста од нежности и љубов.
Leave a Reply