Зошто љубовта денес кратко трае?

Моите баба и дедо, пола на шега, пола со скршено срце ми зборуваат дека љубовта денес тешко опстојува. Толку тешко, што помладите парови кои се повеќе години заедно се загрозена врста. Помладите пак велат дека пред да ја пронајдете вистинската љубов, мора да ја пронајдете случајната љубов.

Како старееме не собираме само бори, туку и го губиме трпението. На трпението не влије безусловната љубов, како онаа која потекнува од семејството, туку онаа љубов кои сеуште не се родила или кои многу споро цветаат, бидејќи за интимност е потребен простор и наклоност.

Со неколку исклучоци, ако младата личност сака да живее подалеку од дома и се соочи со трошоци поврзани со неговата неизвесност, ќе мора да работи долго. Поради тоа грижите се зголемуваат, часовите на спиење се смалуваат и не’ наведуваат да го трансформираме времето кое треба да го посветиме на нашите односи во кратки гласовни пораки или текстуални пораки. Ова може да потрае некое време, со иста рамнодушност, со иста отрезнетост.

Живееме подолго. Имаме ботокс на располагање, но не и среќа. Даваме одредена слика за себе на социјалните мрежи и живееме со друга слика која само нејасно личи на објавената, бидејќи мора да признаеме дека кога ја ‘поставивме’ фотографијата веќе ги излажавме другите.

Така љубовта мора да направи тест за опстанок, бидејќи мора да се препушти на ова темпо на животот кое го наметнува општеството. Ако преку социјалните мрежи ја одржуваме љубовта, а тие само еден ден ако не ни се достапни, природно е дека љубовта ќе биде слаба и кршлива, пополека ќе исчезнува.

Се откажуваме први бидејќи очекуваме дека тоа може да го направи и партнерот. Ги пакуваме коферите пред да раскинеме, бидејќи не вложуваме во односот и не исполнуваме ветувања. Посвесни сме за смртноста на љубовта и последиците од нејзиниот неуспех.

Не си даваме прилика да се обидеме, бидејќи не можеме себеси да си приуштиме да ја пореметиме својата рутина, бидејќи нешто може да тргне однопаку. Таков збунувачки настан нема да биде прифатлив за нас.

Реалноста е премногу нестабилна за да поверуваме дека не’ привлекува странец и има потенцијал за љубов. Од таа причина, да се сака денес е компликувано. Можеби еволуиравме во многу аспекти, но времињата се потешки отколку било кога за љубов.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/oggi-lamore-dura-meno/

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: