Кога е судено две души да бидат заедно

Имате среќа ако сте во врска со личност која ви служи како извор на енергија и сила во оние моменти кога се чувствувате емотивно ранливо.

Ако на две души им е судено да бидат заедно засекогаш, ништо нема да застане на патот на нивната љубов. Нивниот однос е поддржан од голема сила која доаѓа од универзумот.

Што и да се случи во нивните животи, овие две души сепак ќе се најдат. Во нашиот свет полн со минливи романси, тие се пример за пристојност. Најверојатно, нивниот однос нема да помине без расправии и долготрајни емоционални судири, но на крајот овие потешкотии само ќе помогнат да се состават.

Гледајќи ги, веруваме дека љубовта е навистина нешто магично.

И оваа магија ќе стане најлесна работа на светот и за вас кога ќе ја запознаете својата вистинска личност. Ќе имате прилика да бидете свои без било какви резерви. Човекот е слободољубиво суштество кое е во состојба да расте и цвета само во услови на потполна слобода и самодоверба.

Нашиот емоционален и духовен развој станува можен кога некој ќе не’ прифати со сите наши слабости и недостатоци. Имате среќа ако сте во врска со личност која ви служи како извор на енергија и сила во оние моменти кога емотивно сте ранливи.

Мора цврсто да се држите за оваа личност. Можете да бидете сигурни во него, бидејќи сте негов избор. Работата е во тоа што нашата друга половина се сака не само поради тоа што сте сега, туку и поради тоа што ќе бидете во иднина.

Комуникацијата е предуслов за секоја врска. Меѓутоа, постои разлика помеѓу начинот на кој комуницираме со нашата вистинска љубов и некој друг краткорочен партнер. А таа разлика е спонтаност. Ако животниот партнер е во наша близина, чувствуваме како нашиот ум е исполнет со идеи. Своите емоции ги опишуваме едноставно и лесно- без било какви потешкотии. Покрај сродната душа добиваме посебна убавина и сила.

Во каква и да сте улога, немате право да ја третирате личноста како свој посед. Кога некој ќе влезе во вашиот живот, ги врти вашите идеи за љубовта. Тој јасно става до знаење дека желбата за поседување и доживеаната љубовмора немаат никаква врска со љубовта.

Љубота е кога го пуштате другиот слободно да лута по вашиот свет. А ако сака да се чувствува безбедно, сигурно ќе му дозволите повторно да се врати во тој свет. Љубовта е заедничко градење на куќа во која и двајцата ќе се чувствувате слободно и удобно.

Ако во вашиот живот постои личност со која чувствувате желба да ја изградите оваа куќа, тогаш мора да ја опкружите со таква љубов и внимание која ќе ја инспирира да биде со вас за цел живот.

извор: https://www.cluber.com.ua/lifestyle/lichnaya-zhizn/2019/02/kogda-dvum-dusham-suzhdeno-byt-vmeste-ni/

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: