Никого не земај здраво за готово

Токму кога ќе помислиш дека се’ знаеш и дека таман нешто научи и совлада, животот као строг профрсор, ќе те остави на полагање за август. Убаво да ја загрееш столицата и тоа добро, бидејќи за да поминеш со двојка, нешто треба и да знаеш.

Како на пример она дека се’ што поседуваш не е гаранција за среќа и она дека се’ додека се обиидуваш да му угодиш на сите- нема да му угодиш на никој, а најмалку себеси. И на светот не постои ништо совршено. Нема совршени приказни, ниту совршен човек. Но, секаде има добри луѓе- само треба да ги побараш.

Нема на сите да им се допаднеш, ама тоа не значи дека нема да му се допаднеш на никој. Нема секоја љубов да ти се врати, не е бумеранг, јасно е тоа. Ќе сакаш и ќе те сакаат. Можеби не во исто време. Можеби не и исти луѓе, но тоа е нормално и срцата се лечат, како и секоја друга настинка или болест. Не останувај по секоја цена. Посебно не ако знаеш дека е на погрешно место.

Животот, ако е вистински учител, кој не гледа низ прсти, ќе се потруди да научиш дека титулите на крајот не се бројат. Не е важно дали се ова или она, ниту како се потпишуваш, дали те ословуваат со господине докторе или како веќе- ако спомени немаш- бел мантил или личен шофер не значат ама баш ништо.

Животот ќе те научи и дека среќата не се бара надвор. Исто ќе те научи дека не мора многу да зборуваш. Ниту премногу да им веруваш на зборовите. Наместо да трошиш зборови- работи. И гледај што другите работат. Нема тука голема мудрост. Ако сакаш да промениш нешто, престани да зборуваш. Направи. Покажи. Докажи.

И слушај, посебно оние кои ти зборуваат она што не сакаш да слушнеш. Не ги отпишувај туку така. Таквите луѓе се неопходни ако сакаш да растеш. Често оние кои ти се важни ќе ти ги покажат најболни вистини. Не ги бркај од себе и не прави нешто за да се одалечиш од нив. На крајот сепак ќе им се вратиш.

И не се грижи многу за работите на кои не можеш да влијаеш. Никој не знае колку ќе трае. Постојат стравови кои човек просто ќе ги преживее. Ден по ден, здив по здив.

Затоа никој не земај здраво за готово. На крајот на краиштата, ретко се работите онакви какви што ги замислуваме. Планирањето е ѓаволска работа- можеш да мислиш што сакаш, на крајот ќе се случи она што најмалку очекуваш. И добро, но и лошо.

Затоа искористи го секој свој миг. секој момент на овој свет. Ако нешто не оди, не се откажувај. Обиди се повторно утре. И задутре. И ден после тоа. Упорноста се исплаќа. Не се влечкај низ животот како уморна служавка. И учи. Секој ден учи нешто ново. Некој нов збор. Или некоја нова вештина, било што. Твоето знаење е единствена работа на овој свет која никој не може да ти ја одземе.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: