Никој нема да дојде да одболедува наместо тебе. Никој нема да дојде да ти каже: ‘Не е важно што не успеа, доволно си добра токму таква каква што си!’
Никој нема да дојде!
Тоа е едно од најмоќните сознанија кое ќе те стигне кога- тогаш, ако навистина сакаш нешто да смениш. На пример, себе. Во тишина. Во непријатна тишина, во која сите очекувања да дојде некој и да те извлече се пропаднати, па ќе се умориш и на крајот ќе сфатиш и ќе си признаеш дека Ти од себе единствено треба да очекуваш да го кажеш тој магичен збор и да се извлечеш од таму!
Ама не го знаеш зборот. Но, ете остана сама во потрага на својот збор без очекувања од другите дека ќе те извлечат од постојано повторување на едно те исто, од кое веќе ти се повраќа, бидејќи животот ти е предвидлив до зрно. Останавте ти и твојот збор и тишината во која треба да се одлучи што и како. Тишина која може да биде прекината од зборот- Промена. Тоа доаѓа од центарот на твојата храброст.
Нема никој за да му подадеш рака и да те извади од таа недојдија. Остана само ти. И никој нема да дојде. И тоа е најважниот момент на твојата промена. Тоа е знак дека си на самото дно, каде што се изборите и одговорноста. Бидејќи од дното се расте. Бидејќи и дното е тло.
Значи, себеси си требаш за да прифатиш, да признаеш, да засакаш, да простиш, да се заблагодариш, да се обидеш, да се ослободиш! Тоа не може никој наместо тебе.
Ти не можеш да го промениш она што било. Твојата единствена моќ е да го промениш значењето кое му годаде на она што било. И тоа го можеш само ти, бидејќи твојата мапа на значење живее во тебе.
Престани да стоиш во место, во она сигурно очекување, знаеш никој нема да дојде, освен тебе.
Лилјана
Leave a Reply