Најстрашно е да се побегне од себе – кармички врски

Неверојатно е колку се помнат луѓето кои никогаш не живееле во нас. Едноставно, се чини дека проголтнавме цел еден универзум. Спомените се далечни. Подалечни и од нашето сопствено постоење. Нè растура мислата: од каде се познаваме? Бидејќи сеуште не се познаваме. И пак, звучи толку познато дишењето на некој човек. Начинот на кој некаде отвора очи или мирисот на кожата пред будење. Оставајќи трагови на никогаш недопрена кожа. Нè впива. Непогрешливо.

Кога ќе се сретнеме и се препознаеме, треба секогаш да знаеме дека одамна живееме едни во други. Се судираат нашите светови за да не’ потсетат на некое далечно минато. За нас непознато. Скриено. На некоја карма и минати животи. Нашите лекции, задачи и искуства. Луѓето се тука за да ни ја покажат нашата цел. За да се препознаеме сами, изгубени, можеби и не толку одамна. Кога бојата на некои очи ви станува позната, запрашајте се колку векови сте гледале во нив? И тоа е енергија од некои тела, покрај кои ‘горите’ без да ги допирате или да ги видите некогаш, сигурно минало низ вашите прсти. Го познавате тој дух, бидејќи некогаш бил во вас. Душата помни, можеби и повеќе од она што ние сакаме…

А зошто се сретнуваме со луѓето, повторно, понекогаш, некаде? Затоа што ништо друго и не знаат. Тоа е делот што го прави Вселената за нас. Сила која не’ спојува, а што ќе направиме, зависи само од нас…

Зошто понекогаш одиме назад? Зошто се враќаме? Нешто што ни е веќе познато и дадено? Се враќаме на недовршени работи, неизречени емоции, се враќаме на стари навики, стари љубови, стари партнери, се враќаме на стари обиди, неуспешни желби, планови кои не беа реализирани.

Се враќаме бидејќи некое доживување сме заборавиле да го искусиме, бидејќи посакуваме да видиме нешто познато. Се враќаме, за да вратиме нешто изгубено. Повторно ќе ви биде понуден некој свет. Некоја пропуштена или никогаш дадена шанса. Повторно ќе одбираме, а нема да бидеме избрани. Бидејќи вие сте оние што се повлекуваат во својот свет. Потребен е здив. Мир. Мисла. Тој момент во кој ќе се слушнете себе и своите избори.

Ако треба, бидете и сами. Избегајте од сите. Не е тоа ништо страшно, ако на момент ги оставите сите што ве требаат и дојдете до себеси. Најстрашно е да избегате од себе. И тоа го правите повеќе од тоа што сте свесни. Затоа, прекинете некоја врска или земете време за пауза. Ако се вратат кон вас. Ако ви се понудат. Ако ги сретнете некогаш далечни и вљубени, застанете.

Што да направите? Во овој момент не морате да направите ништо. Преиспитување. Токму кога сме помислиле дека разумот го превзел нашето тело, на чекор до себеси пак се буди страста. Не успеваме да се откажеме од потегот што нè повлекува. Импулсот е во нас. Несогледливо чувство на припаѓање на некој кој не го познаваме. Иако се познаваме повеќе од што би сакале.

Драмите на нашиот внатрешен свет остануваат пред завесите, пуштени за нас самите. Без публика, без глумци, без аплаузи. Нема воздивување. Само тивко бунтување во нас. Она чувство на пукнати вени кои сакаат да излезат. Кожата трепка. Не е навикната да живее со туѓ пулс.

Знаете ли колку сила треба за владеење на Себе во себе? Целото јас. Со илјадници желби. Соби полни со стравови. Со еден голем крик што понекогаш ми ги пара очите. Јас никогаш не спијам, бидејќи е невозможно да се вратиме назад, а да не ја откинам таа убавина уште еднаш. Кога сакате да ги запомните секој детал, останувате без сон.

И си велиш нешто како: ‘Јас тоа го можам’.

А вистината е дека не можам ништо кон себе. И дека ти не можеш ништо кон мене, баш кога можеш сè.

“Понекогаш се затварам во темнината, за да почувствувам колку сум светла”.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: