Што се случува кога личноста постојано се жали?

Со постојаното извршување на истите негативни постапки, луѓето го тераат својот мозок да мисли на негативен начин и да ослободува супстанци кои одговараат на лошото расположение. Со други зборови, тие ја создаваат навиката на негативно размислување, а потоа самиот мозок го поддржува ова вообичаено функционирање, со ослободување на хормони кои негативно влијаат на расположението и здравјето на личноста.

Кога ги испуштаме потоците на жалби за нашиот живот и реалноста која нè опкружува, го тренираме мозочниот ‘филинг’ за вакво монотоно препознавање на реалноста. Потоа, истренираниот мозок сам почнува да ја одржува потиснатата состојба и намалена животна енергија во нас.

Колку влијаат постојаните жалби на телото?

Што повеќе се искажуваат жалби и тврдења, толку повеќе мозокот се прилагодува на таков начин на реагирање и формира посебен филтер, според вашите желби. И само она што ги поддржува негативните емоции започнува да поминува низ него – сè е негативно и ве тера повторно да се жалите. Периодичните жалби се нормална појава која мозокот ја забележува без реакција, но несебичните секојдневни интензивни жалби сосема ги менуваат луѓето, размислувањето и влијаат на процесирањето на информации во мозокот.

Човекот не осознава дека има филтер кој прави сè да гледа само со негативна светлина. На пример, наместо да се восхитувате на пролетно расцветаните дрва, тој ве тера да размислувате за алергии, поленска грозница, уште едно здравствено оболување и за ценовниот раст. Веселите деца во дворот ве поттикнуваат да мислите дека премногу гласно врескаат, и како некогаш не гледаат мајките, дека децата долго не ви се јавуваат, дека треба да им платите за студиите и каде ќе го најдете парите? Таквите тешки мисли растат како снежна топка и постепено станува невозможно да уживате во животот, бидејќи филтерот кој го креирате сами просто не пропушта пријатни детали.

Намалување на хормонот серотонин

Хормонот серотонин е одговорен за чувството на радост и среќа во нашето тело. Малите деца произведуваат многу серотонин, трчаат и буквално блескаат од радост, се смеат постојано и секој ден се радуваат. Возрасните имаат помалку серотонин, па им се потребни радосни настани за тој да се развие. А со навиката на жалење, нивото на серотонин сериозно опаѓа, а вие ја губите способноста да бидете среќни и само да се радувате. Мозокот не го зголемува своето производство за време на пријатен настан – со гледање во убаво цвеќе на пример, туку прави да го искусите позитивното гладување – да се чувствувате среќни.

Зголемување на нивоа на стрес

Кога се нерасположени, луѓето самите си креираат свој пекол од секојдневие. Состојбата на вознемиреност, раздразливост и несигурност постојано се зголемува, развивајќи се во хроничен стрес. Постепено, луѓето почнуваат да покажуваат остри реакции дури и на најмал стимул, кој во други околности воопшто не би предизвикал никаква реакција. Состојбата на продолжен стрес има деструктивен ефект врз здравјето, ја влошува благосостојбата на личноста. Се појавуваат главоболки, слабост на мускулите, исцрпеност. Органите постепено се истоштуваат, се создава дополнително оптоварување на срцето, се појавуваат депресивни состојби.

Анксиозност и депресија

Депресијата е сериозна ментална болест која бара медицинска помош. Негативно обучениот мозок прави вашето секојдневие да го доживувате во сиво, како досадна, безнадежна реалност. Сè што се случува ќе биде оценето песимистички или цинично. А лицата склони кон анксиозност ќе бидат постојано поттикнувани кон нови причини за анксиозност, “цртајќи” сценарио на влошување и нови искуства. Мозокот не се забавува ни една секунда. Ако не добива позитивни реакции и шеми, ќе ги замени со негативни. Сè зависи од тоа за што е обучен.

Тензија во врска

Негативните емоции кои ги испраќаат луѓето ќе ги отфрлат другите. Кој би сакал да комуницира со личност која е постојано незадоволна и шири отров кон другите? А такво однесување ќе го натера партнерот прво да се оддалечи, а потоа само да замине. Постојаните жалби можат да придонесат само на едно – луѓето на секое гледање на таква личност бегаат на сите страни. Никој не сака да стане жртва, во која има напад на жалби и недоволство.

Што треба да прави таква личност?

Прво, треба да осознаете дека навистина сте станале таква личност и да ја препознаете вашата состојба. Ова е најтешко, бидејќи мозокот присилно ќе ја одбие мислата дека проблемот е во луѓето околу вас, во ситуацијата во земјата и светот, а не во вас. Но, откако ќе го прифатите фактот дека бескрајното незадоволство го труе не само вашето постоење, туку и најблиските, можете да почнете да се борите против тоа.

Освојување на мислениот процес е многу тешко, затоа започнете да се справувате со неговите последици – преземете контрола над вашето однесување и зборување. Кога ќе се појави желбата да се пожалите, замолчете или изречете нешто позитивно, дури и ако во тој момент не чувствувате нешто слично. Променете ги реакциите преку постапката и постепено навиката на жалење ќе исчезне и ќе почувствувате дека животот е навистина прекрасен.

извор: https://econet.ru/articles/kak-privychka-zhalovatsya-ubivaet-mozg-i-zdorovie

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: