Тоа се ситуации во кои му посочувате на некој ‘со убаво’ да направи нешто што е важно за вас или да престане со одредено однесување, а таа личност не ве забележува, ве игнорира и продолжува по свое.
Имате впечаток дека “фрлите бисери пред свињи”, иако многу пати ‘со убаво’ сте кажале, но тој или таа сè уште постапува на истиот начин. На крајот се чувствувате жално и безпомошно.
“Веќе триесет години му го зборувам истото, но таа не слуша…” (сопругата).
“Прво се обидов да му објаснам убаво, а потоа погрубо, дека мора да ја суреди својата соба, но тој сè уште го одржува хаосот. Едноставно не ме слуша. Немам авторитет.” (синот, тинејџер)
“Веќе толку пати убаво ја молев да не доцни кога закажуваме средба, а таа пак… И воопшто не ме забележува.” (пријателката)
Ако некој ве почитува, нема да ве игнорира, особено ако сте нагласиле дека некоја работа е важна за вас. Ако сами себе се почитувате, нема да дозволите луѓето да ги преминуваат вашите граници.
Кога стравот од напуштање е поголем од вашето достоинство
Вистината е дека не можете никого да принудите да се однесува како што сакате вие, но ако личноста продолжува да се однесува неприфатливо, на крајот можете да му кажете “Довидување”. Или не можете? Најчесто стравот од губење на личноста/врската е тоа што ги спречува луѓето да се вклучат во конфликт, да се борат за себе и да останат доследни во своите барања.
Ако верувате дека не можете да живеете без таа личност, дека никако не треба да ја напуштите или да ја изгубите, бидејќи тоа ќе биде катастрофа за вас – тогаш сте во позиција на зависност, а кога сте зависни од некој, не сте слободни и рамноправни, туку потчинети. Од таква позиција нема лесно да отстапите и нема да бидете во можност да останете доследни во вашите барања и потреби.
Еве пример на разговор што често го водам со своите клиенти, кои најдобро ја илустрира оваа ситуација: Толку пати му кажувам на сопругот (родителот, синот, пријателката…) да не вика на мене кога разговара (да ја поправи светилката што виси со месеци, да стане од каучот и да најде работа, да не доцни на состанок, да ги стави садовите во машината, да не флертува со други жени, да не критикува она што јас го подготвувам, да среди соба, да ме одведе на патување… Му кажувам дека ми е грозно и дека ми смета. Години му го кажувам истото, а тој секогаш постапува по свое. Кажува дека не може да си помогне, дека е таков.”
“Дали вика и на други луѓе, на пример на работа?”
“Не на сите, на работа не смее.”
“На вас вика?”
“Па што да му правам? Јас тука ништо не можам. Толку пати го молев, но тој не сака да престане.”
“Што се случува откако ќе го замолите, а тој го игнорира вашиот барање?”
“Па премолчувам или се лутим некое време, а потоа следниот ден пак нормално разговараме.”
“Дали неговото однесување има некои сериозни последици?”
“Па не баш. А што да му правам?”
“На пример, можете да не му готвите ручек.”
“Па тоа ми е глупаво. Кога веќе готвам за себе, готвам за двајца.”
“Кој пере и пегла во куќата?”
“Јас.”
“Не му перете и не му пеглајте облека.”
“Па кој ќе го прави тоа?
Жал ми е, не може вака на работа со изгужвани кошули. Знаете, на работа мора да изгледа средено.”
“Дали тој е зрела личност?”
“Па, да, но не можам така…”
“Што ќе се случи ако секојдневно го опоменувате да не вика на вас? Кога нема да му готвите ручек и да му пеглате и кога ќе престанете да комуницирате со него додека не го смени своето однесување?“
“Никако. Јас не можам да поднесам ако ме остави“
Ова е класична емоционална уцена:“Ако не е по мое- те оставам“.
Зошто личноста не го менува своето однесување?
Затоа што знае дека не мора. Знае дека ништо опасно нема да се случи во вашата врска ако продолжи на својот начин. Знае дека на крајот ќе дојдете до него/неа по некое време, како ништо да не се случило. Вашиот ‘зафатен’ син знае дека ќе добие топла вечера и испеглана облека – и ако продолжи да ја држи собата во хаос.
Вашиот сопруг знае дека нема да го напуштите, без оглед колку бил безобразен. Вашата пријателка знае дека на крајот ќе проголтнете гнев поради нејзиното задоцнување во име на љубовта или за да не ја повредите. Кога им дозволувате на другите да ги газат вашите граници, да не ги почитуваат вашите одлуки и потреби – во суштина го газите своето сопствено достоинство.
Често зборуваме како другите ги газат нашите граници, но вистински, секој пат кога некој ќе ја премине вашата граница, вие самите ја преминувате. Во психотерапевтскиот процес на повторна изградба на самопочитот, еден од првите и најобемни лекции е поставување на граници.
Кога дозволувате на некој да ги премине вашите граници, во суштина сте на страната на другата личност, а не на вашата. За да поставите граница пред некој, потребно е да бидете подготвени за конфликт кој на крај може да доведе и до губење на таа личност. Ако не сте подготвени за тоа, вие сами се напуштате. Длабоките, скриени и отровни уверувања што лежат во мракот на вашето несвесно.
Секое наше однесување е мотивирано од нашите свесни или несвесни уверувања. Во работата со луѓето, кога ја истражувам причината за таквото однесување, најчесто доаѓам до следниот низ на уверувања: “Ако настојувам со своите барања или потреби, ќе ме напушти или ќе мисли дека сум лоша личност.” Под ова уверување, постои уште подлабоко: “Ако не го направам како што тој сака, ќе ме напушти, бидејќи не сум важна за него.” Уште подлабоко и отровно е уверувањето кое лежи под нив, а тоа е: “Не сум важна за него, бидејќи вистински, не сум достојна за љубов.”
И ако мислите дека всушност престанавте да се лутите, а не сте постигнале задоволителен договор, грешите многу. Тој неразрешен гнев останува зачуван во вашето тело и се претвора во пасивна агресија која се искажува надвор или одвнатре. Можеби ќе го исфрлите на некој друг, помалку опасен за вас, или ќе кукате и долго премолчено ќе обвинувате, значи се претворате во жртва или пак го насочувате тој гнев ненамерно кон себе и се разболувате, паѓате во депресија, имате панични напади, умор, лошо расположение, некои помали или поголеми психосоматски симптоми… – бројни се комбинациите што ни ги подготвува нашето тело кога не го насочуваме гневот таму каде што треба.
Стравот од тоа дека некој ќе не’ отфрли, чувството на вина што не сме доволно добри, идејата дека сме себични ако не се попуштиме, уверувањето дека немаме право на она што сакаме, дека треба да бидеме скромни… – бројни се уверувањата кои тивко ни саботираат од позадина.
Кога ќе си го дозволите моментот “Е, сега ми е доволно”, не треба да направите ништо посебно, но ќе го видите стравот во очите на оној кој ве манипулира или малтретира. Тој момент го почувствувавме сите барем еднаш – кога ништо повеќе не ни е важно од правдата, од самиот себе, нашето достоинство и сопствените чувства.
Бидејќи гневот и стравот се поларитети – спротивности. Кога се плашите, не можете да бидете гневни.
Извор: krenizdravo
Leave a Reply