Од женски агол: Мажите не се наши господари, туку партнери

Многу мажи сметаат дека жените денес се премногу избирливи кога станува збор за мажи и дека им поставуваат премногу барања.

Вистината е дека жените не се избирливи, туку само сакаат мажот да им биде партнер за цел живот, а не маж што ќе се однесува како да се негова сопственост. Кога мажот бира жена, прво го гледа нејзиниот физички изглед, а потоа се’ останатото, додека жените ја сметаат интелигенцијата, почитувањето и зрелоста за карактеристики кои се многу посериозни од самиот физички изглед.

Затоа многу паметни и добро образовани мажи имаат до себе жени кои немаат ништо друго да им понудат освен убав изглед. Од друга страна, жените бараат маж што ќе им обезбеди сигурност и стабилност кои им се потребни.

Постои еден фактор што на жените им го усложнува пронаоѓањето на посакуваниот маж, а тоа е високото ниво на образование и високиот приход. Многу мажи не се комфорни во присуството на овие жени и затоа ги избегнуваат. Многу од нив ќе прифатат жена која е убава и нема високо образование, отколку нежна и интелигентна жена со високо образование.

На мажите не им смета ако жената има помало образование од нив, исто како и нивните ниски приходи, бидејќи на тој начин се чувствуваат подобро за себе и посилни во однос на жената. Многу жени повеќе се насочени кон кариерата, отколку да бидат во брак, затоа што не сакаат никој, па дури ни мажот, да ги контролира и владее со нив. Таквите жени обично имаат високи приходи, висок ниво на образование и социјален статус во споредба со жените кои се рано омажени.

Жените во зрелите години што се сè уште самостојни сметаат дека се понезависни од омажените жени и го почитуваат личното постигнување и раст. Многу мажи сметаат дека овие жени имаат одредени карактеристики кои им пречат на мажите, како што се алчност, неумереност, агресивност и непочитување.

Вистината е дека овие жени не дозволуваат да бидат потчинети и не сакаат мажот да господари над нив, туку сакаат мажот да им биде партнер во животот и да бидат еднакви во сè.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: