Изненадниот стрес може да предизвика синдром со симптоми слични на срцев удар. Зошто се речиси сите жртви жени?
Смрт во семејството, сообраќајна несреќа, биопсија, раскинување со саканата личност, дури и неочекувана прослава – сè ова може да ви го скрши срцето. Ова се најчесто причините поради кои се’ почесто се примаат луѓе на коронарната единица, со болки во градите и ослоабување на работата на срцето.
Се работи за синдром чиј механизам е слабо познат и кој најчесто ги засега жените. Во основа, жртвите обично се во добра здравствена состојба и претходно немале срцеви проблеми. Сите овие случаи го поддржуваат вековниот мит дека може да се “умре од страв” или може да се “умре од тага”.
Всушност, станува збор за “стресна кардиомиопатија”, а болеста ја нарекуваат “синдром на скршено срце”. Нејасно е како сè се случува, но кај пациентите е утврдено необично високо ниво на хемиски соединенија во мозокот кои се поврзани со стресот и хормони како адреналин, што може да влијае на работата на срцето. Не се знае зошто речиси сите жртви се жени. На пример, од 19 пациенти кај кои бил дијагностициран овој синдром, 18 се – жени.
“Синдром на скршено срце” не е срцев напад, иако според симптомите може да се замисли дека е, но пациентите кај кои е дијагностицирано ‘скршено срце’ целосно се опоравуваат. Исто така, за разлика од оние кои искусуваат срцев напад, кај нив не остануваат трајни оштетувања на срцевиот мускул. Затоа е важно да се разликува синдромот од срцевиот напад, за да се примени соодветна терапија и за да им се каже на пациентите дека нивното срце е здраво, бидејќи тие не треба да веруваат дека имаат болно срце и дека ќе се лекуваат до крајот на животот.
До срцеви напад доаѓа кога тромб ја затвора срцевата артерија и поради тоа срцевиот мускул умира. Тромбовите обично се формираат на заболени делови на артеријата и кај овие болни емотивниот стрес може да предизвика срцев напад. Срцевата слабост предизвикана од стрес, меѓутоа, има различна природа. Кај пациентот нема тромб или заболени делови на артеријата, ниту умирени делови од срцевиот мускул. Едноставно, во овие случаеви срцето одеднаш ослабува и не е способно да пумпа крв, но оваа слабост е привремена.
Leave a Reply