Дали имаш храброст да ме сакаш?

“Силната жена е премногу за слаб маж, но таа е сè за кралот.”

“Таа е дете со добро срце, меко, но силно. Непомирлива и чесна. Таа е жената со која одите во војна, жена која посакувате да ја ожените’.

‘Не е тешко да ме засакаш, но знам дека не е секогаш лесно’.

Поентата е во тоа што не се преправам дека сум некоја која не сум и обично прва зборувам за сите свои недостатоци и на она што работам. Независно од најдобрите намери, сè уште правам горчливи и трагични грешки. Не ми треба некој кој постојано ќе проверува дали правам сè како треба, туку некој кој ќе ме сака доволно да ме поддржи, застане зад мене како планина и стои храбро до мене. Во крајна линија, сите мои несовршености ме прават уште поатрактивна.

Дали имаш смелост да ми кажеш кога грешам?Дали имаш храброст да бидеш до мене и да се бориш за мене, дури и кога понекогаш не е лесно?

Зашто вистината е дека и ти, љубов моја, не си обичен човек и ја ценам твојата храброст, го почитувам твојот независен дух, твојата упорност. И барам човек кој ќе ја сподели оваа животна визија со мене. Нема да се обидуваш да доминираш, туку ќе се восхитуваш на тоа како се прилагодувам на тебе.

Дали имаш храброст да ме оставиш да бидам она што сум?

Не сум таква затоа што сакам, туку затоа што не знам како поинаку. Знам дека не очекуваше таква девојка. Дали имаш храброст да ме љубиш мене? Не сум на оваа планета за да седам и уживам во погледи, туку заедно да го менуваме светот. Поентата е во тоа што не е секогаш лесно да бидеш со жена која предизвикува бура на промени само затоа што е своја – и не е секогаш лесно да ја споделуваш со останатиот свет.

Дали имаш храброст да се спротивставиш на мојата амбициозна душа и да ме поддржиш во моите соништа?

Вистината е дека за оние што ги сакам можам да бидам нежна. Потребен ми е маж кој знае дека понекогаш жената која сум вистински не е она што им се допаѓа на сите. Понекогаш сакам работите да бидат традиционални, да си дозволи мажот да биде маж, да ми каже „Не се секирај ќе го направам сам“ дури и ако сум во состојба да го направам тоа. Но, само затоа што можам, не значи дека сакам.

Дали имаш храброст да бидеш таков човек?

Знам дека и ти имаш свои тајни, свои рани, свое минато. Но, не сакам само некој со скршено срце, туку и некој кој им го скрши срцето на другите. Затоа што ми треба некој кој, приближувајќи се до моето срце, веќе сигурно знае дека овој пат нема да направи грешка и никој нема да биде повреден. Човек кој повеќе не мора да гледа во сè што некогаш сакаше, бидејќи точно пред него сум јас.

Дали имаш храброст да го оставиш минатото и да започнеш одново со мене?

Знам дека ќе паднеме, ќе научиме да зборуваме со истот јазик на љубовта, бидејќи тој е различен за секого. Не можам да ветам дека сè ќе биде лесно, но можам да ветам дека ќе се исплати.

“Силната жена е премногу за слаб човек, но сè е за кралот”

извор: https://www.cluber.com.ua/lifestyle/lichnaya-zhizn/2016/04/hvatit-li-u-tebya-smelosti-lyubit-menya/

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: