Најважната работа во односот со мажот

Суштината е дека проблемите во врската и емоциите влијаат на машката страст и сексуалната желба. Девојки, може ли вашиот маж да ве заинтересира откако цел ден се однесува како кретен, се обидува да ги навреди вашите чувства и ве понижува?

Не, додека неговото однесување не се промени драматично, а и тогаш шансите се многу мали. Денеска најголем дел од мажите сфаќаат дека кај жените мозокот е најважен орган кога станува збор за страст во врската.

Но, ретко кој истото го кажува и за мажите. Да, мажите можат да имаат секс дури и во емотивно напнатите врски, но јас зборувам за посебно комплексните аспекти на односот. За оние несексуални 95%, што го создаваат здравиот однос. Суштината е дека проблемите во врската и емоциите влијаат на машката страст и сексуалната желба.

Да, на мажите им е потребно расположение за да имаат секс. А тоа значи дека треба да бидете добар партнер во нивниот живот, не само во кревет. Обрнете внимание не само на нивното тело, туку и на нивното срце и разум, мисли и чувства.

Но, кои чувства и емоции се важни за мажите? Тука не е како кај жените. За мажите е важно нивото на почит што го чувствуваат преку вашиот став, однесување, акции и зборови. Тогаш може да биде емотивно отворен, да сака да ги реши вашите проблеми, да ви го нуди најдоброто во односите и да ве направи среќни.

Кога имав 20 години, две девојки покажаа интерес за мене, но на различни начини. Едната ми рече, додека седевме во заедничко опкружување: „Сигурна сум дека изгледаш многу добро без маичка.“ Разбирално, бев задоволен. А другата, додека заминувавме заедно кон дома, ми рече: „Многу ме импресионираше она што го кажа. Со овој став ќе стигнеш далеку.“

Чувствувате разлика? Поради втората девојка се чувствував почитувано и веднаш си ја замислив до мене кога ќе го освојувам светот. Вистинската почит треба да се покаже, не само да се изрази. Но, токму тоа е причината зошто мажот сака да биде блиску до вакви жени и да се труди за нејзиното добро.

Џејмс Бауер

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: