Да се биде жртва е илузија. Таа ве прави да се чувствувате бедно. Лицата кои ја играат улога на жртва пред другите се досадни, а жртвата само продолжува да ја засилува својата улога на жртва и да го исцрпува својот живот. Ако познавате луѓе кои ја играат улогата на жртва, не ги жалете, само бидете свесни дека не можете да создадете среќа за нив. Тоа е нивна задача во моментот кога ќе се одлучат за промена. Кој воопшто сака да има врска со некој кој е лут, фрустриран или револтиран повеќето време? Веројатно друга жртва! Запомнете, да се биде во улога на жртва може само да ве оддалечи од љубовта кон животот.
Многу луѓе имаат многу активна и силна свест на жртва. Таа улога на жртва во животот е многу деструктивна и треба да се обрне внимание на неа. Можеби и сами се препознавате дека играте улога на жртва во животот или веројатно знаете некој кој ја игра таа улога. Ако можете да ги видите и освестите таквите однесувања во таа игра, тогаш сте во можност да ги трансформирате и да изберете поинаков начин на постоење.
Жртвата има потреба да биде несреќна и ќе најде многу причини да ја одржува својата состојба на незадоволство. Дали жртвата во вас може да ви каже што е тоа убав ден?
Енергијата на животот
Кога играме улога на жртва, најчесто тврдиме дека не сме виновни за нашата животна ситуација во која се наоѓаме. Ќе речеме дека не сме одговорни за неа. Па кој тогаш е одговорен? Другите луѓе? Каде е таа животна енергија за да се издигнеме и да ја промениме “жртвената” ситуација или, ако тоа не е можно (во ретки и екстремни случаи на војни, природни катастрофи и злоставување…), за да најдеме надеж и вера и да ја промениме својата реакција на ситуацијата? Зарем ние вистински се наоѓаме во ситуација како Виктор Франкл? А се сеќавате ли на таткото од филмот “La vita e bella”? Дали вистински сме во такви ситуации?
Да се каже дека не сме одговорни за нашиот живот значи дека некој друг има поголема моќ над нашиот живот од нас самите… значи, ефективно му ја даваме нашата животна енергија, нашата моќ на другите! А тоа е илузија – секој избор кој го направивме некогаш е причина за тоа каде сме сега. Секогаш ја поседуваме нашата лична моќ, но улогата на жртва ќе нè убеди во различно.
Кога се одрекуваме од нашето сопствено чувство на моќ, се чувствуваме стиснати, безмоќни и жални. Дали е тоа начинот на кој сакате да се чувствувате секој ден? Улогата на жртва создава илузија на безмоќност. Жртвата го развива овој маѓепсан круг, ден по ден. Тоа само ја троши нашата скапоцена енергија и води кон поголемо чувство на безмоќност. На тој начин развиваме многу слаб однос со животот. Нашиот филм е тесен и досаден. Кога ќе го изгубиме нашето чувство на моќ, што се случува со нашите соништа и најдлабоките стремежи? Жртвата “природно” заклучува дека сонувањето е нешто што само другите луѓе можат да го имаат.
Можете ли да забележите како улогата на жртва го обликува вашиот животен филм на одреден начин? Или можеби знаете некој кој игра улога на жртва… Што може да забележите за начинот на живот на тој човек?
Добивање внимание
Најчесто, лицата кои играат улога на жртва развиваат начини за да добијат љубов, симпатии или внимание од другите… свесно или несвесно. Ова често се случува во односите кога другите луѓе имаат чувство дека не можат да гледаат како другите страдаат. Во таквите случаи, лицето во улога на жртва ќе го препознае ова својство на сочуство кај другите и ќе го искористи како можност да привлече внимание, ќе направи сè за да другите да “жалат” и со тоа да добие љубов и внимание од другите.
Често ова се користи во пријателството во облик: “Мојот живот е ужасен и ќе ви кажам сè за тоа” и “Ох, жална си, ајде кажи ми сè за тоа”. Можеби имате пријатели кои ви го прават ова? Можеби никогаш не ве прашуваат како сте вие и ви е мака да ги слушате нивните раскази?
На крај, лицата кои играат улога на жртва другите луѓе ги заморуваат, а жртвата само продолжува да ја засилува својата улога на жртва и го исцрпува својот живот.
Ако сте вие во улога на жртва, можеби може да забележите како го користите својата несреќа за да добиете внимание? Ако познавате други во улога на жртва, не ги жалете, само бидете свесни дека не можете да им создадете среќа. Тоа е нивна задача во моментот кога ќе се одлучат за промена.
Манипулација со пријателите и семејството
Лицата во улога на жртва можат да привлечат внимание и на многу деструктивни начини. Тие можат да користат манипулација, контрола и злоупотреба на другите за да добијат она што им треба. Некои луѓе мислат дека се одговорни за здравјето, среќата и успехот на другите. Вистината е дека сме сами одговорни за својата среќа, здравје и успех. Но, треба да бидеме свесни дека лицата во улога на жртва можат да користат многу комплексни и итри манипулации.
Жртвите често се лути и фрустрирани. Ако вие ја играте улога на жртва, можеби можете да забележите на кои начини манипулирате со другите луѓе, вклучувајќи ги и оние кои ги сакате? Ако добро ги разгледате фактите за животната ситуација на лицето во улога на жртва, можеби ќе видите дека таа улога воопшто не е автентична. Верувам дека познавате некој лик во улога на жртва. Кој воопшто сака да има врска со некој кој е лут, фрустриран или револтиран повеќето време? Веројатно другата жртва! Запомнете, бидењето во улога на жртва може само да ве оддалечи од љубовта кон животот.
Излез од улогата на жртва
За жал, многу луѓе се барем малку “закачени” за таа свест на жртва, бидејќи свеста на жртва е силно колективно поле во нашите области, само можеби тоа не сме свесни.
Улогата на жртва може да се трансформира целосно кога лицето-жртва ќе преземе одговорност за своите избори и акции. Таа одговорност ќе ѝ ја врати животна енергија.
Тоа не е лесен чекор, но е солидно можно кога ќе ја направите одлуката дека ја сакате таа промена.
Тогаш кога сте во позиција дека имате избор, вашиот животен хоризонт се проширува и можете да остварите сè што сакате.
quantumzona.com
Leave a Reply