Често размислував за луѓето кои се враќаат откако ќе одлучат да заминат. Го чекав тој ден кога ќе се вратат и ќе сфатат дека направиле грешка, дека животот без мене им е бесмислен. Но, потоа сфатив дека подобар за мене е човекот кој никогаш не заминува.
Оној кој никогаш не заминува, дури и кога ќе се појават тешкотии, оној кој не заминува дури и кога десетици други луѓе ќе се обидат да му го привлечат вниманието. Оној кој одбира да биде со тебе секој ден.
Ти заслужуваш таков, кој никогаш не заминува, дури и кога му зборуваш за она за кое се срамиш, кога споделуваш со него она што нема да споделиш со никој друг. Кога му зборуваш за она што не ти се допаѓа кај тебе, за она што го мразиш во своето минато.
Ти заслужуваш таков кој не заминува, колку и да е тешко да се остане.
Ти заслужуваш таков кој не заминува, кога му кажуваш колку го љубиш, колку се гордееш што можеш да го направиш среќен и какви неверојатни чувства ти предизвикува. Колку тој е посебен, колку сакаш да го поминеш остатокот од животот со него, заспивајќи во неговата прегратка.
Ти заслужуваш таков кој останува, без разлика колку страсно го изразуваш својот љубовен оган и без оглед на тоа колку смело ги изразуваш своите емоции. Ти заслужуваш таков кој не се плаши, како го љубиш.
Ти заслужуваш таков кој ќе те натера да веруваш дека постојат луѓе кои не заминуваат.
Ти заслужуваш таков кој никогаш не заминува, кога во животот доаѓа темен период, кога се чувствуваш уморно и изгубено од се’, кога се сомневаш во себе и своите способности. Ти заслужуваш таков кој те потсетува на твојата вредност и на она што можеш да направиш. Тој кој те потсетува дека, иако можеш да направиш сè сама, сака да биде до тебе, не сака да те остави сама и е подготвен да ти помогне во сè.
И иако секој од нас има некој, кој посакуваме да се врати, вистинскиот, тој кој вистински го заслужуваме, ние всушност го бараме оној кој никогаш не заминува. Оној кој еднаш замина, може повторно да замине, а оној кој може да замине, но одлучи да остане – точно тој е оној кој ни треба, со кој заслужуваме да бидеме заедно.
Н.Н
Leave a Reply