Повеќето од нас имаат потреба да собираат и задржуваат разни предмети, облека, обувки, украси и разни споменици, така што во еден момент немаме повеќе место и нашиот дом почнува да личи на магацин.
Потребата за собирање на предмети, особено врзувањето за спомени, претставува психолошки момент, особина на психата да ги задржува минатите моменти и да се поврзува со одредени емоционални состојби кои можат да траат години и да ја менуваат структурата на нашето емоционално тело.
Да се запрашаме зашто собираме толку предмети кои не ни служат за ништо, а избегнуваме да ги фрламе, па само ги преместуваме од едно место на друго и со тоа зафаќаме место за нешто корисно и ново. На крајот, ги собираме сите во една кеса и ги оставаме на таван или во подрум.
На исти начин, ние ги депонираме психолошките содржини во најдлабоките подруми на нашата потсвест, складирајќи непроцесираните датотеки кои се суштински несовладани учења, чие присуство ќе нè врати на испит. Таквите енергетски обрасци постојано се невидливи предизвикувачи на нервоза, главоболка, фрустрации, влијаат на нашето здравје и животни избори. Енергијата што вибрира во нашето биополе ќе ја пренесе секоја бариера на физичко ниво за да нè предупреди за нејзиното присуство. Ниту една болка во телото не е незначајна или случајна, бидејќи доаѓа од подрумот каде што е зачувана причината.
Основната емоција што стои зад потребата да се задржат работите е стравот од сиромаштија, значи во позадината на потребата да се задржат психолошките содржини е стравот. Можеме да кажеме “Зошто секогаш привлекувам слаб или незрел партнер”, “Зошто никогаш немам пари”, “Зошто секогаш сум болна, безволна, депресивна и сл.” Но, треба да сме свесни дека енергијата се згуснува во материјална форма и така ја испраќа нашата реалност на екранот на животот.
Нашиот изглед, физичката појава, искуствата и впечатокот кој го оставаме во светот, сето тоа се одразува на нашата целосна енергетска структура. Сите нерегуларности и натпревари кои со години нè деформираа, претставуваат содржини сочувани од страв кои требаше да го ослободиме.
Ако себеси се споредиме со гардеробер во кој ја натрупавме облеката, таму би нашле многу стари и искинати работи од детството. Ние, фактички, не создадовме простор за нешто ново, бидејќи во тие стари пакувања стојат нерешени емоционални конфликти, како чекори забиени во нашето енергетско тело.
Старата народна пословица вели “клин со клин се вади”, што практично значи дека лицата кои ги привлекуваме се видливи делови на нашата скриена внатрешност. Колку искуствата со одредено лице се впечатливи и колку се поголеми нашите емоционални реакции, поголема е веројатноста дека некои од клиновите ќе се извадат.
Секоја врска има за цел да го осознаеме своето сопствено значење и да разбереме во која мера сме искривени според нашето изворно битие. Кога партнерот извлекува некој “клин”, тоа обично е болен процес преку кој ја чувствуваме повреденоста, очајот, разочарувањето, бидејќи не сме во состојба да ја осознаеме нашета искривена природна состојба.
Нашата подготвеност да му се прилагодиме на партнерот за да добиеме љубов и потврда за нашата вредност често не е доволна гаранција дека нема да бидеме повредени, бидејќи обично се случува обратното. Некоректниот однос од страна на партнерот открива неправедност и нечесност кон себе.
Кога ќе го погледнеме било кој однос со одредено временско растојание, ние сме во состојба да ги усвоиме своите грешки и понекогаш ни е смешно како залудно се мачевме.
Со обидот да му се допаднеме на партнерот, подготвени сме да го менуваме нашиот личен опис, боја на косата, начин на облекување, однесување, навики, да се отфрлиме себе и таквите односи се осудени на неуспех. Сепак, некаде во нашите подруми на потсвеста го задржуваме образецот кој не ни дозволува да се прифатиме себеси, да веруваме дека сме вредни за љубов какви што сме. Ова најчесто е последица на условената родителска љубов која ја сместивме во нашиот подрум, од каде се диктира секој наш однос.
Денес, самоотфрлањето е толку присутно и “модерно” што луѓето се изопчуваат со пластични операции, верувајќи дека бегањето од себеси ќе ги направи вљубени и прифатени, но во суштина стануваат само бледа копија на своето оригинално и непофторливо битисување.
Сепак, сите знаеме дека само оригиналите имаат висока вредност. Ние сме вредни само кога сме автентични, непофторливи оригинали, и тоа никој не може да го знае освен нас самите кога се чувствуваме добро со самите себе, кога сме блиски со нашето внатрешно битие и не ни е важно што некој друг може да мисли за нас, и ништо не може да ни го одземе правото да бидеме среќни во секој момент какви што сме. Не постои меродавна личност која може да ја оцени нашата вредност освен нас самите.
Стравот е механизам со кој ги задржуваме штетните психолошки обрасци. Разбирањето на овој механизам ни помага да разбереме дека стравот нè држи во состојба на стегнатост која се испраќа низ целото тело, мускулите се напнати, имаме проблеми со грбот и вратот, срцето, штитната жлезда, нашиот организам е во постојана напрегнатост, грижа и стрес.
Потребата за различни стимуланси, како што се кафето, алкохолот, дрогата или седативите, претставува начин да се избориме со стравот и кратковремено да се чувствуваме релаксирани, бидејќи нашиот психо-физички систем сака да се чувствува слободно. Разни настани се обидуваат да нè ослободат од она што го сакаме со страв и тоа преку директно соочување.
Животот се состои од само 1% настани, сè останато е реакција на тие настани. Заради тие реакции, ние не сме слободни и се врзуваме со стравот за да не нè повторат некои несакани работи, со што ја врзуваме можноста да се појават и да се опструираат можностите на Вселената да ни испорача нешто подобро. Кога се чувствуваме бес поради некое однесување, вистински не сме бесни на таа личност, туку на себе, бидејќи се судираме со нашите граници, со ѕид на уверенија што не ни дозволуваат едноставно да го прифатиме без осуда. Тој судар со нашите внатрешни ограничувања е главната причина за конфликтите со другите, затоа и се среќаваме со такви личности, за да ги сокривиме тие зидови.
Треба да знаеме дека сите луѓе се такви какви што се поради некоја причина, научени да се држат за своите уверенија и стравови и дека на тој начин најдобро ја гледаат својата личност, иако веројатно не се среќни со тоа. Луѓето не треба да ги учиме на однесување ниту да се обидуваме да ги менуваме. Сè што треба да направиме е да ги прифатиме и да им кажеме дека се во право, да ги победиме нашите внатрешни препреки и да се чувствуваме задоволни поради тоа.
Сите души потекнуваат од ист извор, само се оковани со различни уверенија и егоистички слоеви. Затоа треба да научиме да гледаме поминувајќи низ тие слоеви и да го препознаеме најдоброто во секој, да го прифатиме и разбереме зашто е таков каков што е. Стравот нè ограничува да преминеме низ нашите уверенија, бидејќи се плашиме од последиците од разурнувањето на нашите ѕидови и предавството на нашето его.
Leave a Reply