Ништо не е случајно- две интересни приказни

Прва приказна:

Еден млад човек се подготвуваше за средба со својата девојка. Кога таа пристигна, без никаква најава и причина му објави дека раскинуваат. Тој беше збунет, бидејќи врската беше толку добро усогласена, функционална и одеднаш без предупредување се раскинува. Девојката замина, а тој остана изненаден. Потоа, најде еден постар колега кој беше искусен во одредени духовни учења и го праша зашто се чувствува толку потиштено и осамено. Овој му рече, а потоа го праша:

-“На патот до местото на средбата, виде ли некаков знак на смрт, некоја мртва птица или погребна поворка…?”

Овој почна да размислува и се сети:

-“Да, на патот овде морав да стојам на раскрсницата за да помине погребна поворка. Но каква врска има тоа со моето раскинување?”

Колегата објасни:

-“Слушни ме, како следбеник на Светиот Дух, Тој предвиде дека вашата врска треба да заврши, бидејќи и двајцата од неа зедовте сè што ви беше потребно и тргнувате кон други ваши патишта за нови духовни поуки. Вашата врска нема потреба да трае подолго.”

Објаснувањето што го доби, подоцна му помогна да го преживее раскинувањето безболно, бидејќи осозна дека тоа беше најдобро за двете страни, бидејќи хуманата љубов служи за подготовка за друга, посветена љубов.

{Оваа приказна е од еден од Журналите на Еканкар}

Втора приказна:

Млад човек работеше на својата работа веќе неколку години. Еднаш сонуваше дека има средба со девојка која многу му се допаѓа. Неколку денови подоцна, доби можност да ја види истата таа девојка како стажира на неговата работа. Тој се вљуби на прв поглед. По некое време, требаше да остане подолго на работа поради состанок, па го замоли својот колега да ја однесе девојката, девојката за која се разговара тука, дома.

Не помина долго време пред да дознае дека таа има афера со тој колега, пред да има нешто со него. Тој беше многу разочаран. Речиси растроен. Потоа, една ноќ, неговиот духовен учител го сретна во сон и му објасни:

-“Во еден од претходните животи, ти се реинкарнира во женско тело и беше мажена за богат сопственик. Имавте две слугинки, а ти како газдарица им го направи животот толку тежок што многу ги разочара. Едната од нив, се инкарнира и се врати сега за да ја израмни сметката, и тоа точно преку оваа девојка во која се вљуби. Можеш да страдаш ако сакаш, или можеш да го прифатиш фактот дека овој долг те спречуваше да напредуваш духовно, како Душа, а ќе се воздигнеш духовно поради тоа што дојде во овој живот.”

Ја избра втората можност.

{Приказната е од малата книга “Духовна мудрост за односи” од Харолд Клемп, во издание на Еканкар}

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: