Вашата реакција на проблемот е всушност ваш проблем

Не постојат добри и лоши емоции..

Емоциите се искуство, во кое, ги етикетираме емоциите како пријатни и непријатни и можеме, да ги контролираме директно, но и одложено- со избор, како на нив ќе реагираме.

Некогаш ќе се изгубиме во негативните мисли и се прашуваме, како тоа, непријатните чувства не си одат, а понекогаш сме среќни а да не сме свесни, дека до тоа дојдовме, токму со своите мисли и акции. Освен што емоциите не се вистински или погрешни, важно е да се нагласи дека постои разлика помеѓу нивното здраво и нездраво изразување. Наше е како ќе реагираме.

Можеме да избереме, да вергламе во исти размислувања и однесувања и уште повеќе да паѓаме во бездан на некоја емоција или од неа да тргнеме, во доживување на животот на висока вибрација.

Тагата е исто така емоционално искуство. Често ја етикетираме како непријатна. Ако ја чувствуваме подолго време, ако почне да не’ оптеретува и исцрпува, време е да почнеме да ја гледаме од друг агол, од аголот на свесноста. Да видиме како изгледа во одреден контекст, на пример, тага поради загуба на саканата личност или осаменост.

Потоа е потребно да се забележи нејзиниот континуитет и интензитет, чувството кое се создава во телото, влијанието кое го има во односите, работата. Можеби тагата преставува еден вид на одбрана, односно отпор. Со подигање на свесноста, подобро ги забележуваме знаците на предупредување.

Тагата дава длабочина. Среќата дава висина. Тагата дава корени. Среќата гранки. Среќата е како стебло кое оди кон небото, а тагата е како корен кој оди во средиштето на Земјата.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading