Се’ ќе помине и твоите убави и бурни односи и она во кое си уживал и за кое си страдал

Понекогаш погледни во небото, бидејќи тоа е најдобар начин да се прочистиш себеси од илузиите, колку си голем и незаменлив. Која опција во животот е за тебе најдобра? Каде себеси најчесто се гледаш и замислуваш? Во какви активности почнуваш да ги чувствуваш своите најдлабоки чувства?

Размисли понекогаш малку за тоа, бидејќи тоа има моќ, да го направи твојот живот среќен и исполнет или од друга страна промашен. Дали бираш она што бираат и другите? Било да се работи за места или излегувања, работите кои ги трупаш, начини на однесување или нешто сосем друго.

Немој другите да те учат што треба да избереш. Сигурно ќе згрешиш. Избери го она што срцето ти зборува. Велат луѓето дека најдобро време е она време кога беше млад, кога веруваше во себе, кога на своето срце му дозволуваше да носи одлуки, кои имаа влијание на остатокот од твојот живот, не занемарувајќи го она што твојот разум зборуваше.

Всушност, најдоброто време е кога себеси си даваш шанса и кога проблемите со луѓето не ги земаш така драматично, туку ги гледаш како моментална криза, која брзо ќе помине, а кога малку ќе се одалечите и кога ќе размислите за се’ што било, ќе сфатите каде сте погрешиле.

Не се плаши повремено да го погледнеш небото, тоа е најдобар начин да се прочистиш себе од илузиите, колку си голем и незаменлив. За да сфатиш дека твојата болка не е најголема и дека твоето страдање не е вечно.

Се’ ќе помине и твоите убави односи и твоите бурни односи. Ќе помине она, во кое си уживал и она за кое си страдал. Научи дека тоа е секојдневен дел од патот и тогаш кога ќе го послушаш своето срце и тогаш кога работиш против него. Тоа е знак дека си жив.

Затоа размисли која опција во животот за тебе е најдобра и живеј го овој живот токму така. Зошто дополнително себеси да се казнуваш со она што не го сакаш и што ти е мачно?

Вистина е дека никогаш нема себеси да си кажеш, дека тоа што го избра е казна, но ќе се жалиш на своите избори, ќе се убиваш со негативни мисли, ќе бараш нешто друго, што на крајот, ти доаѓа исто. Светот нуди околу себе безброј различни опции, не се задоволувај со онаа првата, размисли и избери ја онаа која за тебе е најдобра.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading