Како да се решат проблемите?

Се додека сме во судир со потешкотиите во животот, мислејќи дека работите треба да бидат поинакви, отколку што се и ги обвинуваме околностите или другите луѓе за својата несреќа, нема да имаме чист, јасен или ‘широк’ ум, за да видиме што навистина не’ спречува.

Трпението ни дозволува јасно да ги видиме обрасците на нашите ментални навики кои не’ држат затворени, кои не ни овозможуваат да почнеме да ги разрешуваме. Трпението, е темел на трајната слобода и блаженство на ослободувањето.

Обично нашата потреба да побегнеме од непријатните чувства е така итна, што себеси не си даваме доволно време за откривање, од каде тие чувства всушност доаѓаат. Да претпоставиме дека некој на кој сме му помогнале, возвраќа со неблагодарност или партнерот пропуштил да го возврати почитувањето, или колегата или шефот, постојано се обидуваат да ве омаловажуваат или да ја поткопаат вашата самодоверба.

Тие работи болат, а нашата нагонска реакција е веднаш да се обидеме да побегнеме, од болните чувства во својот ум, станувајќи одбрамбено настроени, обвинувајќи го другиот, со возвраќање или едноставно цементирајќи го своето срце.

За жал, реагирајќи така брзо, не си даваме себеси доволно време да видиме, она што всушност се случува во нашиот ум. Во стварноста, болните чувства кои се јавуваат во такви прилики не се неподносливи. Тие се само чувства, кои траат неколку минути на ‘лошо време во умот’, без моќ да ни предизвикаат некаква тага или штета.

Нема потреба да се земаат така сериозно. Ние сме само една личност, меѓу безброј живи суштества, а неколку моменти на непријатно чувство кое се јавува во умот, на само една личност не е некоја катастрофа. Токму како што на небото има доволно простор за бура, така и во големиот простор на нашиот ум, има место и за неколку болни чувства; и токму како бурата, која нема моќ да го уништи небото, така ни непријатните чувства немаат моќ да го уништат умот.

Кога во нашиот ум ќе се јават болни чувства, нема потреба од паника; можеме трпеливо да ги прифатиме, да ги искусиме и да ја истражиме нивната природа и од каде доаѓаат. Кога тоа ќе го направиме, ќе откриеме дека болните чувства не доаѓаат од сржта на нашиот ум.

Околностите или другите луѓе ја немаат таа моќ, да не натераат лошо да се чувствуваме; најмногу што тие можат да направат е да ги поттикнат потенцијалите, за болните чувства кои постојат во внатрешноста на нашиот ум. Тие се потенцијали, или кармички остатоци, талог на негативни дела, кои ги создадовме во минатото, бидејќи умот бил под контрола на заблудите, кои се зголемуваат од отпорот на незнаењето.

Со трпеливо прифаќање на болните чувства, без да се опираме на нив, негативниот кармички потенцијал, од кои чувстата произлегоа прочистени и ние, повеќе никогаш нема повторно да ја проживееме таа карма.

Geshe Kelsang Gyatso- ‘Како да се решат нашите човечки проблеми’

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading