Кога е време да се прекине врската?

Прекинувањето на врската е одлука која засекогаш ќе ја помните. Пред се’, размислете за тоа каква ќе биде таа врска ако потрае година или пет. Ова гледиште може да ви помогне да стекнете идеја за тоа што сакате да постигнете, дали да продолжите или да прекинете.

За да знаете дали е време за прекинување на вашата врска, треба да си поставите одредени прашања без да барате виновник. Односите ги создаваат двајца луѓе, се работи за обид да се сфати што се случило и како можеме од тоа мудро да си заминеме.

Прашања кои треба да си ги поставите пред прекинувањето на врската.

Кога треба да ја прекинете врската? Пред да се обидеме да одговориме на ова прашање, мора да разјасниме низа од други работи.

Уште во давни времиња било познато дека здравата љубов се сосотои од три елементи: Ерос (физичка привлечност) Филија (пријателство) и Агапе (наклоност, нежност), па така ниту еден од нив не смее да недостасува, бидејќи во спротивно се создава болка и чувство како тој однос не ве исполнува.

Дали е ова однос кој го посакувам?

Ако сакаме нешто да промениме, ако сакаме поинаква врска, тоа е можеби затоа што едноставно не сме со вистинската личност. Размислете за тоа што навистина посакувате, а не за тоа што другите мислат или мислите дека е најдобро за вас.

Што губите, а што добивате од врската или прекинувањето на врската?

Често се обидуваме да ја продолжиме безнадежната врска не сфаќајќи дека прекинувањето со некој кој не не’ прави среќен или со кој не ни е пријатно може да биде големо олеснување.

Зошто да се понижувате?

Кога ќе ги сфатите причините зошто сакате да ја прекинете врската, важно е да се провери дали постои начин за решавање на судир со партнерот или дали е вредно да се бара решение за проблемот.

Ако можете да ги одговорите сите овие прашања и да одлучите да ја прекинете врската, веројатно ќе поминете многу тежок период, но болката со текот на времето поминува. Ќе ви треба време да се навикнете, но ќе дојде моментот кога ќе сфатите дека со зрелост и храброст ја донесовте вистинската одлука.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading