Секоја жена треба да знае како да се вљуби и да не се изгуби себе во таа љубов

Овие зборови ги напиша сценаристката Pamela Redmond Satran, надминувајќи ги разделбите и фустаните, мудроста и рецептите, љубовта и виното. И да си знаете, во тоа и е суштината на жената. Со задоволство, го делиме овој текст со вас.

Секоја жена треба да има

Доволно свои пари за да може да си оди и да изнајми свој стан, дури и ако никогаш тоа не го посака или ако тоа воопшто нема да и’ треба.

Секоја жена треба да има

Нешто посебно што може да облече, ако непредвидено и одеднаш има разговор за работа во фирма од своите соништа или за состанок на својот живот кој ќе се случи- за еден час.

Секоја жена треба да има

Неколку младешки гревови, за кои со задоволство ќе зборува во староста.

Секоја жена треба да има

сет одвртки, звртки, бежична брусилица и чипкан црн градник.

Секоја жена треба да има

Еден пријател кој може секогаш да ја развесели и оној кој ќе и’ ги брише солзите.

Секоја жена треба да има

барем едно пристојно парче на мебел, што сама го купила, а не го наследила од семејството.

Секоја жена треба да има

Чувство дека таа управува со својата судбина.

Секоја жена треба да знае

Како да се заљуби и да не се изгуби себе во таа љубов.

Секоја жена треба да знае

Како да даде отказ на работа, да го напушти мажот, да се скара со пријателот и при тоа да ги сочува добрите односи, во сите овие случаеви.

Секоја жена треба да знае

Кога да биде упорна, а кога да попушти.

Секоја жена треба да знае

Дека не може да ја промени должината на своите нозе и ширината на своите колкови и своите родители.

Секоја жена треба да знае

Дека нејзиното детство, веројатно, не било совршено, но одамна веќе помина.

Секоја жена треба да знае

Што вреди, а што не вреди да се работи поради љубов или нешто друго.

Секоја жена треба да знае

Како да живее самостојно, дури ако тоа не и’ се допаѓа

Секоја жена треба да знае во кој има доверба, а во кој- не и зошто не треба тоа да се сфати лично.

Секоја жена треба да знае

Каде да оди кога нејзината душа ќе побара утеха- кај другарка со шише вино или во шармантен хотел надвор од градот со…

Секоја жена треба да знае

Што може и што не може да направи денес..

За еден месец..

За година…

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading