Ценете го она што го имате наместо да жалите за она што немате

Најчесто нашите уверувања и дефиниции кои сме ги усвоиле во својот ум, можат да не’ спречат да живееме среќен и исполнет живот. Во животот се среќаваме со различни идеи за тоа што е правилно, а што не. Некои работи ги слушаме толку често што ги прифаќаме како вистина. Но, тие всушност можат да бидат само проблем.

Еве некои најчести наши погрешни верувања:


1. Да се биде сам не значи дека си осамен. Тоа што некој е сам, не значи дека е и осамен, ниту пак ако си во врска значи дека секогаш си среќен.

Кога е човек сам, никогаш нема да се чувствува толку осамено, како што може да се чувствува во погрешна врска. Ако чувствувате дека нешто не е во ред, застанете и поминете некое време со најважната личност во вашиот живот- со самите себе. Пронајдете се прво себе си. Научете да ја почитувате својата вредност и ако се најдете во врска која ве влече на дното, ќе знаете како да се вратите на сигурно.

2. Среќата доаѓа кога ќе добиеш се’ што посакуваш

Да бидете среќни, не значи дека траба да посакувате повеќе во животот. Тоа значи дека сте благодарни на она што имате и трпеливо чекате, она што понатаму ќе дојде. Понекогаш толку се фокусираме обидувајќи се да направиме нешто големо што не можеме да ги забележиме малите работи, кои животот го прават волшебен. Затоа почитувајте го секој момент со полни гради. Сега ги живеете добрите, стари времиња кои еден ден ќе ви недостасуваат.

3. Болката може да се скрие.

Никогаш не потценувајте нечија болка, бидејќи секој човек на светот се бори со нешто и има проблеми. Некои тоа само подобро го кријат од другите. Не знаете што се случува зад затворени врати. Да судите и донесувате заклучоци е непотребно трошење на време и енергија. Ако имате време да им судите на другите луѓе, значи имате премногу слободно време. Придвижете се и направете нешто смислено.

4. Животот треба да се живее на одреден начин.

Нема одреден начин, секој својот живот го живее со свое темпо, онака како што тој избрал. Она што најмногу ќе не’ повреди се нашите сопствени мисли. Искрено, да се прифатат и да се преиспитаат сопствените чувства, може да биде многу лековито. Секогаш имаме слобода на избор како ќе реагираме на се’ што животот ќе ни донесе.

Ослободете се од претпоставката каков треба да биде вашиот живот и гушнете го реалниот живот, кој се обидува да го најде својот пат. Променете она што можете да промените како и своите мисли, за оние работи што не можете да ги промените и продолжете понатаму, во мир со самите себе.

5. Треба да се однесувате на одреден начин

Кога ќе престанете да се споредувате со другите свои верзии, вистински или имагинарни, тогаш ќе го почувствувате мирот кој е вистински, а не имагинарен.

6. Само некои луѓе можат да имаат прекрасен живот.

Ако секое утро се разбудите и кажете: ‘Да, денес ќе биде прекрасен ден’, ако секое попладне најдете причина да кажете: ’Да денес е прекрасен ден’, тогаш еден ден, кога ќе се свртите назад, ќе се насмеете на спомените и ќе кажете:’ Да, живеев прекрасен живот’.

 7. Тешките времиња се непотребни

Понекогаш работите и треба да тргнат во погрешен правец, пред да тргнат во вистинскиот. Понекогаш морате да ги пуштите погрешните луѓе за да можат вистинските да дојдат. Понекогаш морате да се чувствувате слаби, за да знаете како е да си вистински јак.

Понекогаш морате да се чувствувате малку скршени, за да разберете дека никогаш всушност нема потполно да бидете скршени. Понекогаш морате да запознаете многу луѓе кои не ви се допаѓаат пред да ја запознаете личноста која ќе ја сакате. Понекогаш морате во лошо да препознаете добро, знаејќи дека тоа е вредна животна лекција.

8. Да се биде јак, значи да не се чувствува болка.

Во реалноста, најјаки се луѓето кои чувствуваат болка. Прифатете ја болката, учете од неа и одболувајте ја. Земете одмор од се’, пуштете солза, извадете ја прашината од себе и вратете се во ‘ринг’ борејќи се како никогаш порано.

9. Се’ можете да одглумите.

Почувствувајте ја љубовта пред да кажете ’Те сакам’. Почувствувајте благодарност пред да кажете ‘Благодарам’. Почувствувајте жалење пред да кажете ’Жал ми е’. Почувствувајте ослободување во себе пред да кажете ’Ти простувам’.

10. Сонувањето е губење време

Најголемиот дар е оној кој е невидлив за очите, но срцето длабоко го чувствува. Она што можеме да видиме е само делче од она што е возможно. Фантазијата е визија која ни овозможува да видиме што се наоѓа под површината, да видиме она што е важно, а со очи невидливо. Некаде нешто неверојатно чека да биде откриено, само треба да имате доволно големи сништа за да го откриете.

Извор: Noizz

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading