Некои врски се распаѓаат за да станат посилни- а некои се распаѓаат засекогаш

Некои врски нема смисла да се оживуваат. Еве многу јасни знаци кои укажуваат на тоа дека личноста засекогаш заминала и има многу мали шансите дека ќе ви се вратат.

  1. Не бараат контакт со вас. Ако личноста не ви се јавува- нема причина ниту вие да и’ се јавувате. Посебно не повеќе пати. Нема контакт. Не бара причина да се слушате. Не се држи повеќе за оваа приказна. Не бара да останете пријатели.
  2. Не сакаат да дадат втора шанса. Ако личноста заминала поради некои работи кои и’ сметале или без никаква причина- пуштете да оди засекогаш. Оној кој не сака да даде втора шанса е оној кој не сака ништо со вас.
  3. Продолжуваат понатаму. Ако личноста пронајде нов партнер или некој со кој се гледа- вие нема тука што да барате. Не се обидувајте да и’ објасните дека тој другиот не е вистински, не се обидувајте да објасните дека со вас треба да биде. Таа личност веќе донесе одлука- прифатете ја.
  4. Не реагираат на вашите промени во животот. Можеби го променивте имиџот и тоа го објавивте секаде по социјалните мрежи за да забележи ‘Таа една личност’. И се чини дека сите луѓе кои ги познавате го дадоа својот коментар во врска со вашиот изглед…но.. Само таа личност не – јасно е дека не му е гајле за вас.
  5. И понатаму ве одбиваат. Ако ви е јасно дадено до знаење дека вашиот однос не може да продолжи не барајте причини зошто е тоа можно. Не се трудете да го оживеете огнот од кој остана само пепел. Залудно го трошите своето време кое можете да го потрошите на нешто покорисно.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: