Не се откажувај од мене, љубов моја

Љубов моја, тоа сум јас.

Знам дека сеуште не ме препознаваш, но исто така знам дека често мислиш на мене и посакуваш да си покрај мене. Го знам тоа бидејќи и јас го правам истото. Сакам да знаеш дека сум вистинска, иако во тоа се сомневаш милион пати дневно.

Сакам да знаеш дека постојам. Можеби нашите души се запознале пред да стигнеме на овој Свет, еднакво како што знам дека се сретнале во текот на предходните животи. Сакам да ти кажам дека бев зафатена и затоа не те пронајдов.

Знам дека ова звучи како клише. Се развивам и растам во нови смерови, се ширам и учам. Знаеш, сакам да бидам своја најдобра верзија, за да можеме да бидеме заедно, што, верувај е возможно.

Сакам да бидам потполна за себе, за да можам да бидам потоплна за тебе. Сакам да ги гушнам своите страсти и својата суштина, за да можам да те потикнам да ја гушнеш и ти својата.

Имам толку терет на својата душа и толку сенки со кои морам да танцувам. Ги кротам своите змаеви, се качувам по своите планини и играм валцер со своите демони. Не се обидувам да бидам совршена бидејќи совршенството не постои, но за некои работи едноставно морам да се погрижам.

Знам дека заедно ќе се соочиме со потешкотиите, но јас ќе бидам подготвена и сплотени, заедно ќе им се спротиставиме. Кога ќе те пронајдам, ќе биде затоа што ја исполнив својата должност и ќе бидам подготвена да сакам со цело свое срце, онака како што двајцата заслужуваме.

Сакам да бидам способна да те гушнам целосно тебе, секој твој аспект и секој слој, секоја нијанса која ја прави твојата душа. Те сакам целосно, секој дел за кој те учеа дека е невозможно да се сака или дека можеш да го скриеш, јас ќе го бакнувам со своите смели усни.

Вреден си за љубов длабока како душата, за личноста која знае што има кога е покрај тебе. И јас сум вредна за таа љубов, затоа ги исцелувам деловите од себе кои ме спречуваат во потполност да примам љубов, за ширум да се отворам кон твоето срце.

Не барам да ме чекаш. Живеј со полни гради, се додека не бидам способна да те стигнам и да живеам покрај тебе. Свесно слави го секој ден и потполно искористи го секој момент. Гушни ја својата дива сила, која течи по твоите вени, смеј се на глас на сите смешни работи кои ја галат твојата фантазија и упати се на многу авантури.

Сакам да ми зборуваш за сето тоа, кога ќе те пронајдам и кога ќе тргнеме на патотот на создавање на заеднички авантури. До тогаш, ќе те сакам одалеку, знаејќи во срцето дека еден ден ќе можам да изберам, со тебе да го живеам животот во потполност.

Знам дека добиваме секогаш она за што сме подготвени, а јас сеуште не сум подготвена за тебе. Ако моментално не сум покрај тебе, тоа значи дека треба да заронам подлабоко во морето на својата душа, за да можам бескрајно да ронам во твојата.

Не се откажувај од мене, љубов моја. Ќе се видиме наскоро.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading