Исфрли го бившиот од главата – ако те сакаше, немаше да те изневери

Често не можеме да прифатиме, но она што другите луѓе го прават е надвор од нашата контрола и не можеме да ги контролираме нивните постапки. Единствено што можеме е да контролираме начинот на кој ќе реагираме на нивните постапки. Ова е многу важно да го сфатиме, посебно ако се најдеме во ситуација кога сме изневерени од страна на нашиот партнер. Не смеете на другите да им дадете до знаење и да им покажете дека ве повредиле.

Ставете насмевка на лицето и фокусирајте се на она што можете да направите за да си ја олесните целата ситуација, да ја преболите и да продолжите понатаму.

1. Под никакви околности не му се враќајте на бившиот. Многу парови се одлучуваат да останат во врска после неверството, но многу е вжно да се одвои малку време во осаменост и да се размисли за се’ за да се преиспитате себе и својата врска. Многу е важно да сфатите дека вашата врска е вредна за спасување. Дајте му на партнерот до знаење дека може да ве изгуби, но не барајте утеха во него. Утехата барајте ја во своите пријатели, во своето семејство и на драгите луѓе како вас, за да не може да ве заслепи љубовта кон партнерот во токсична врска.

2. Можете да размислувате за одмазда, но не се одмаздувајте. Нормално е да размислувате за одмазда и сакате да покажете колку тоа ве повреди, но не се одмаздувајте. Лутината е само привремена и не смеете себеси да си дозволите подоцна да се каете поради некои работи кои сте ги направиле од лутина.

3. Не возвраќајте на изневерување со изневерување. Кога сте изневерени, тоа не значи дека треба да се затворите дома и постојано да тагувате. Излезете и забавувајте се, но не брзајте во прегратката на првиот кој ќе дојде, само за да му наштетите на бившиот. Прво бидете сигурни дека го преболевте бившиот, па дури тогаш барајте друга врска.

4. Практикувајте спорт. Ако се најдете во ситуација вашиот партнер да ве изневери, мора себеси да си најдете нешто што ќе ви ги заокупира мислите. Бидете активни и одберете некој спорт. Тоа ќе ви помогне да ја исфрлите лутината и бесот.

5. Фокусирајте се на своето хоби. Често во врската жртвуваме многу работи вклучувајќчи го своето хоби и други работи кои ги сакавме.

6. Престанете да го пратите на социјалните мрежи. Не влегувајте на неговиот профил и не гледајте какот тој го поминува времето и што прави.

7. Не се обвинувајте себеси. Многу често после раскинувањето се бара вината во себе, а тоа најчесто се случува ако сме биле во врска со личноста која вешто манипулира со нас. Не си го правете тоа. Луѓето заминуваат од различни причини и не е вината во вас, тоа е нивна одлука.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading