Зошто некои односи никогаш не стануваат сериозни врски?

Повеќе или помалку, така жените денес комуницираат со мажите кои им се допаѓаат. Од една страна глумат возвишени ладни кралици по кои секогаш некој треба да трча, а од друга страна претерано се трудат околу мажите.

И нормално, на мажите им праќаат погрешни сигнали, дека жената не е заинтересирана или е очајна. А често, жената не е ништо од тоа, само не научи да покажува интерес, емоција и нежност. Без таа нежност, отвореност и ранливост не може меѓу двајаца луѓе да се изгради поврзаност и интимност.

Може да се роди искра која ќе запали голема страст, но како се раѓа таа искра, така брзо може и да се изгасне. Сексот и интимата се два многу различни поими. Што и да се зборува и мудрува, патот до машкото срце не е преку креветот.

И јас самата бев превртлива и занесена, иако не бев некоја ладна кралица, само вистински не бев за некој маж доволно заинтересирана. Од друга страна додека бев млада, знаев лудо да се вљубам, па да бидам по малку несигурна. Тогаш знаев да пополнувам дупки во комуникацијата и да барам потврда во љубовта. Тоа беше секогаш смртоносен однос. Потоа, секако малку пораснав, созреав и сфатив дека немам време да размислувам зошто некој маж не се јави или одговори на порака.

Ако не се јави и не одговори не е крај на светот. Можеби е зафатен со некои свои работи, а можеби не го интересирам. Како и да е, мојот живот оди понатаму. Нема нервирање, нема стрес. Нема анализирање. Многу е просто, зарем не?

Некој ќе каже дека не сум доволно заинтересирана за него. Но, тоа не е вистина. Само созреав во жена која научи како функционираат здрави машко- женски односи и како да не се стресирам околу некои работи. Кој на кого му испрати порака, кој на кого последен му се јави, кој треба прв да се јави и други работи кои ги мачат многу луѓе, не се нешто со кое се оптеретувам.

Најдобро е да не се врзуваш? Зошто? Во што е проблемот? И дали навистина подобро поминуваат оние кои не се заинтересирани? Не, тоа е лага. Да се третира емоцијата како нешто лошо затоа што ете некој можеби не возвраќа е наша загуба. Моќта да се сака е најголемо богаство која ни ја даде мајката природа, а страдањето не произлегува од тоа што ние некој го сакаме или не ни се допаѓа, страдањето произлегува од нашите очекувања.

Се’ додека очекуваме дека другата страна мора нешто да ни даде во точно одреден облик, ние правиме притисок и всушност себеси се трауматизираме. Таквото однесување произлегува од несигурност и идејата дека ќе останеме сами ако не бидеме токму со таа личност. Дека пропуштаме некој последен воз за љубов, ако таа личност ни избега.

Правејќи го тоа, таа личност ја ставаме на висок пијадестал и ја правиме многу важна, за нас неопходна за живот, иако таа личност можеби воопшто не заслужи и не е така посебна. Но, ние ја идеализираме бидејќи во својата глава создадовме некоја приказна и за таа приказна се врзавме.

Драги дами, нешто мора да научиме – мажите се суштества од момент. Тие прават и дејствуваат како се чувствуваат во моментот и не размислуваат многу за тоа каде ќе бидат утре. Исто така, тие функционираат по принципот ‘проблем- решение’ што значи дека се занимаваат само со една работа истовремено. Ако прават нешто- на тоа се посветени максимално. Тоа едноставно е така.

Ако тоа го прифатите, ќе пуштите работите да се одвиваат спонтано. Пораките кои им ги праќате не треба да бидат стратегија, туку лесни, весели, спонтани. Мажите ја сакаат таа женска разиграност, сакаат убави работи, сакаат спонтаност. Сакаат кога жената има иницијатива, кога му кажува дека е заинтересирана. Но, исто така сакаат простор за делување, простор за размислување и простор за живот.

Затоа, ако не се јави еден ден, два, пет, навистина не е крај на светот. Напротив, прашај го како е? Биди весела и спонтана, биди жена која си. Она која не се занимава со калкулации и анализа, туку онаа која го живее својот живот исполнет, која го повикува тој маж, но не го прилагодува животот на него.

Драги мои, љубовта е за уживање и со нашите партнери да ни биде убаво. Љубовта е лесна и спонтана, особено на почеток. Затоа дозволете таква да биде. Не правете од тој однос проект наречен врска, бидејќи тогаш нема да биде тоа. Целта нека ви биде искрена љубов изградена врз темелите на доверба и почитување. Љубов.

Запомнете, не можете некој да наведете да ве сака и да биде со вас ако тоа не го сака, а на крајот на баладата, зошто тоа го посакувате?

Марија

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading