Мажите сакаат само она што не можат да го имаат

Многумина се уверени дека желбата и страста за некоја личност се јавуваат од голема љубов. Меѓутоа, страста и желбата понекогаш можат да се јават од од досада. Многу мажи често од досада влегуваат во врска со жена, уверувајќи се себеси дека таа им се допаѓа и дека кон неа чувствуваат нешто. Меѓутоа, таквите врски воглавно не траат долго и често завршуваат и пред да почнат.

Постојат некои карактеристични ситуации кога интересирањето за жената кај мажите се зголемува, но тоа не мора да значи дека мажот има некакви чувства кон неа.

1. Кога му недостасува внимание од страна на жената. Ако на мажот му недостасува женското внимание, тој ќе сака да ја добие. Некои жени намерно го игнорираат мажот за тој да се заинтересира и да се потруди околу нивната врска. Кога мажот е зависен од женското внимание, тој ќе копнее за жената и ќе посака да ја има. Мажите се исто така понекогаш желни, ако не добијат внимание да го побараат на некоја друга страна.

2. Премногу слободно време. Кога мажот има премногу слободно време, кога му е досадно и не знае што да прави, можно е да влезе во врска само за да се реши од досадата. Тој ќе бара нешто ново и возбудливо што ќе му помогне да ја убие досадата. Кога мажот има премногу слободно време тој ќе сака сето свое време да му го посвети на жената што може да доведе до презаситеност, па дури и брзо завршување на врската.

3. Сакаат она што не можат да го имаат. Кога мажот сфаќа дека не може да ја има жената, неговото интересирање за неа се зголемува и тој се обидува на сите начини да го привлече нејзиното внимание. Тој ќе направи се’ што е потребно за да ја освои и да докаже дека може да ја има. Сознанието дека не може нешто да има во него буди уште поголем ажелба и мотив за освојување.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading