Вториот брак може да биде втора шанса за среќа?

Кога стапуваме во брак се надеваме дека тој ќе трае засекогаш, но понекогаш тоа не е случај. Многу различни животни ситуации можат да не’ доведат до развод на брак, а некои луѓе се решени никогаш повеќе да не бидат врзани на тој начин. Но, некои луѓе не губат надеж и се подготвени да стапат во втор брак. Многу стручњаци истакнуваат дека вториот брак може да биде успешен од неколку причини.

1. Имате повеќе искуство. Искуството од претходниот брак може да биде од голема помош во вториот брак. Научени се бројните животни грешки кои не сакаат да ги повторуваат во иднина.

2. Знаете што барате во една врска. Многу бракови се распаѓаат од неочекувани, понекогаш нереални причини. Тоа често се случува кога паровите брзаат да се венчаат. Со тек на време се открива дека немаат заеднички животни цели и дека нивните патишта одат во различен правец. Луѓето кои влегуваат во брак по втор пат во него влегуваат промислено. Тие точно знаат што им е потребно во бракот и каков партнер сакаат покрај себе. Нивните очекувања се сега многу појасни и пореални.

3. Имате поголема мотивација бракот да успее. Луѓето кои по втор пат влегуваат во брак имаат поголема желба тој брак да успее. Тие не сакаат да губат време на врски кои се осудени на пропаст и кои нема да траат. Разбираат дека за врска е потребно многу разбирање и посветеност за да биде успешна.

4. Благодарни се на втората шанса. Многу луѓе вториот брак го гледаат како втора шанса да бидат среќни, што ги прави благодарни и полојални.

Луѓето кои поминаа низ развод и имаат брак зад себе знаат дека за добар брак е потребно двата партнери подеднакво да се потрудат за да опстане поради што се повеќе посветени партнери отколку во првиот брак.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading