Кажи го веќе еднаш тој збор ‘Прости ми’

Утрово и’ реков на мајка ми: “Те молам, не можам да зборувам празни приказни кога го пијам своето кафе, сакам да молчам. И да, нема да јадам ништо, ми е гајле што ќе готвиме и… знам дека те болат рацете, не треба да го повторуваш тоа петнаесет пати ова утро.”

Замина од мене без зборови.

Ми беше жал истата минута. Ја побарав во дворот, седеше мирно под зраците на доцното есенско сонце. И покажав насмевка и и’ реков:

“Да купиме Волтрен маст, добра е за болки, јас ќе го приготвам ручекот, ти гледај го сонцето после толку време…”

Не и кажав “прости ми”. Набројав милион синоними за- прости ми. Илјадници празни компензации. Сепак, не и кажав прости ми…

И нејзиното лице сјаеше од среќа со милион рефлексии на сонцето. Ги засени сите убави времиња. Без ‘прости ми’.

Па се запрашав, какви сме ние луѓето. Зошто не можам едноставно да ја прегрнам и да и’ шепнам волшебен збор?

Зошто глупаво го компензирам тој збор со Волтрен? Полесно е да се купи крема, отколку да се нанесе гел од вистинско каење на раните на оние кои ги повредуваме.

Лесно е да му удариш шамар на оној кој не ти возвраќа. Лесно е да го повредиш оној кој те сака безусловно, бидејќи знаеш дека те сака секогаш.

И дека се простува и без она ‘прости ми’.

Но, во народот има изрека: “Можеш како сакаш, но не можеш долго”.

Во народот е сите мудрости се создадени од едноставни, кратки вистини.

А, можеби во овој момент комета удира во Земјата.

Можеби во овој момент, срцето на лицето кое го повредуваме едноставно престанува да чука.

Можеби во овој момент тоа лице засекогаш исчезнува од нашиот живот.

Што тогаш?

Можеби целиот живот ќе гледаш кон небото, можеби ќе го повторуваш тој проклет, тежок, а така едноставна збор – ‘прости’, плачеш, викаш. Празно, нема да те слушне.

Бидејќи си замина.

Уморна од проклетите зборови кои лесно ги кажуваме на оние кои несомнено не сакаме.

Бидејќи ни е гарантирано простувањето.

Дали љубовта и простувањето имаат гарантен лист, рок на траење?

Немаат. Но, има време.

И тоа тече, безмилосно, додека немо ги гледаме оние кои несомнено нè сакаат и мислиме дека тие секогаш ќе бидат тука. Бидејќи се надеваме дека тие знаат дека ги сакаме, дека зборовите не значат ништо. А зборот може да биде поостар и поболен од меч.

Затоа…

Прегрни ги оние кои ги повредуваш.

Гушкај, гушкај многу силно, за да исчезнат сите тешки зборови, да отидат кон небото.

Извади го тој едноставен збор – ‘прости ми’…

Не е тешко… обиди се.

Леона / 6yka.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading