Совет до жените кои се гледаат со зафатени мажи: Сочувај трошка достоинство и оди си!

Во една прилика зборував за вљубувањето во женет маж. Тоа не е нешто на кое сум горда, ама е нешто за кое нема повеќе да молчам, ниту чувствувам непријатност, посебно после многу години по аферата. Еве неколку совети за сите жени кои се нашле во незавидна позиција на ‘втора жена’.

Излезете од таа врска. Знам дека многу се плашите дека ќе чувствувате додатна болка, но тоа што останувате со него, а тој нема намера да ја остави својата сопруга поради вас, ќе предизвика уште поголема болка. Знам дека ова не е тоа што сакате да слушнете, не ми беше сеедно ниту мене кога морав да си признам и да се соочам со тоа. Не бидете затвореник на личноста која не е верна на оној, на кој му ветил дела ќе му биде верен.. Нема да може ниту вас да ве почитува.

Што повеќе живеете во балонот на негација и што повеќе се надевате дека тој ќе ја остави својата сопруга поради вас, се повеќе упаѓате во живот обвиткан со тајни, солзи и болка. Не сте лоши ниту расипани. Грешката едноставно ви се случи. Но, со тоа што очајнички се обидувате да бидете дел од таа грешка и ќе биде лошо кога тоа, ќе ви донесе само повеќе болка за вас и на луѓето кои ве опкружуваат и наместо да го кренете своето лице кон светлото, ќе продолжите да живеете во темница.

Не треба постојано да бидете во страв. Дали ме сака? Дали ме посакува? Дали ќе ме побара? Вака не функционира здрава врска и секој од овие показатели кои ви се јавуваат во мислите е сигнал дека се случува нешто погрешно. Маж кој одлучи да ја изневери својата сопруга со вас е личност која никогаш нема да може да воспостави здрава комуникација со никој, па така ниту со вас. Тој ја остава својата сопруга за да биде со вас- исто најверојатно ќе направи и со вас ако види добра прилика.

Тоа не значи дека вие не вредите, тоа едноставно значи дека таа личност има шаблон за лоша перцепција на љубовта и односите. Проблемот во основа се наоѓа во личноста која ја изневерува својата сопруга и мојот искрен совет е да не бидете дел од предавството. Аферата не може да поправи и залечи апсолутно ништо- ниту неговиот однос со својата сопруга, ниту вашиот однос, ниту било кој друг однос со луѓето кои ви се важни- напротив. Иако од прво ќе бидете зависни од тоа чувство, време е да го направите своето и тоа ќе избледи и ќе ве остави со еден тон вина.

Совет за жената која ова го чита и која се пронајде во овие редови: пресечете ги овие токсични врски, променете го бројот, направете се’ што е потребно за да ја сочувате својата иднина. Тоа е совет од жена која со години се надеваше на љубов од човек која не можеше себеси да се сака, а не пак другите. Мислете на себе и само на себе. Тоа е мојот најискрен совет.

извор: pult24.info

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading