Ги криеме чувствата, но очите ќе ја кажат вистината

Убаво е кога ќе видам луѓе кои свесно се тажни и ја прифатиле својата тага. Тоа не е тажна слика, туку слика која сите знаеме дека има свој почеток и крај. Знаеме дека во периодот на тага, свесниот човек се набљудува себе си и својата смисла, и дека секогаш после таква тага се раѓаат нови сознанија.

Тажно е да се гледат среќните луѓе со потисната тага, која само чека момент да експлодира. Тие не си дозволуваат свесно да тагуваат и јасно да разликуваат вистинско чувство на тага, од вештачкото чувство на радост.

Со прифаќањето на тагата, ќе најдете и причина за тага. Но, бегајќи од тага во вештачка радост, нема да напредувате во свесност. Откачете го позитивното размислување, откачете ја вештачката насмевка, откачете ја идејата дека животот е убав. Прифатете дека сте на патот на сознанието дека сами го креирате животот, а тој пат бара сознанија, низ сите искуства кои ги создавате и доживувате.

Понекогаш поради својата креација сте тажни и не сте разбрале зошто се случува. Влегувајќи во својата тага, ќе видите од што сте ја направиле. Бегајќи од својата тага, нема да осознаете дека сами сте ја создале и нема да се доживеете како творец, единствен одговорен за својот живот.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading