Ме уценуваше со молчење, за да ме убеди дека сум виновна

Се оправдував себеси дека можеби не требаше да го кажам или да го направам тоа, дека следниот пат нема ниту да помислам за такво нешто, се гризев во себе..

Се случува нешто. Некоја глупава кавга, недоразбирање или неразбирање и тој едноставно исчезнува. Од сè, од секаде. Не одговара на ништо, не реагира на повик, порака евентуално после неколку дена, но матно, како да е некој друг или можеби уште полошо, како ништо да не се случило.

Нема извинување, нема објаснување, а животот треба да продолжи таму каде што престанал пред да изчезне на неколку дена, бидејќи тој, изгледа се ‘лади’. Така си го објаснив, дека му треба тоа, време за процесирање.

Така мислев прв пат кога го направи тоа. Но, се плашам дека згрешив, тоа всушност беше начин на однесување. Сфатив дека згрешив по второто или третото исчезнување во име на ладење, подобрување на врската или што и да е во неговата глава како мотив и оправдување за таквото однесување.

Се правдав себеси дека можеби не требаше да го кажам или да го направам тоа нешто, дека следниот пат нема ниту да помислам, се јадев во себе. Но, ‘другата страна’ живееше удобно додека јас самата се изедов, мразејќи и анализирајќи го секој свој чекор. Минуваа часови и денови во агонија во која јас бев непријател, а не тој, кој ме мачеше на овој начин за некоја глупост која удри по неговото его.

И ова не беше резервирано само за партнери, така беше и во пријателските односи. Одеднаш се појавуваа во мојот живот, барајќи ме преку порака и се’ е супер и кога ќе одиме на кафе, што ново има, бидејќи пази сега, долго не се видовме и чувме.

Секој пат чувствував во една рака олеснување кога периодот на изчезнување и молчење завршува, а од друга страна во мене вриеше и гореше да му плеснам сè во лице и да му кажам дека не може така да се однесува. Зрел е и секој проблем со мене (со себе, со светот), треба го вербализира и да го адресира каде што треба.

И никогаш не ја избрав таа последна опција, туку ќе замолчев и продолжев напред. Со мисла дека нема да се повтори. По извесно време, сфатив дека повеќе не може без комуникација, отворав теми, дискусии и често топчето завршуваше на моето поле, а за молчењето и исчезнувањето јас бев виновна.

Само потврда на она во што се сомневав во време кога молчевме и се правевме дека ништо не е. Потврда дека тоа е начинот на кој функционира личноста и, пак бев во право, мене ме казнува.

Неодамна се обидов, откако ги научив сите лекции и вежби, да го сфатам зошто ме казнува и дојдов до заклучок дека станува збор за личности кои не можат да поднесат никаков товар или одговорност, па ме убедуваат на овој начин да ја поднесувам сама. Да ја признам вината за нешто што не е моја вина, и најстрашното всушност, сама и без нивно присуство да дојдам до идејата и откривањето на ‘вистината’.

Така е, јас сум виновна, ми покажаа и сега треба да бидам благодарна и за учеството и за втората шанса.

Сега ако почувствувам дека некој, кој и да е, поради ситни турбуленции може да исчезне од приказната, а потоа одеднаш да се врати, јас прекинувам и им го скратувам маките на сите. Кажувам што е и како е, и во што е вистинскиот проблем и немам намера да чекам само да се реши, или јас да прифатам вина. Се разбира, понекогаш и јас сама сум виновна за нешто, далеку од тоа, но сега ми е полесно да го признаам по толку години искуство со лажни луѓе.

Ќе зафркнам и што? Додека сите сме живи и малку оштетени, без големи лузни, сè може да се поправи и/или заборави. Но, никогаш не ми паѓа на ум повторно да размислувам за тоа зошто некој не се јавил, каде е и што мисли.

Подготвена сум со своите уши да ги чујам и најтешките вистини, како и со своите очи да ги гледам најцрните сценарија, но само ако се вистински. Не се сложувам со оние кои се обидуваат да ми ги сервираат тешкотиите и да ме манипулираат со молчење. Има други луѓе кои знаат и да се расправаат и да се налутат, но и да се смират со мене како што треба. Како луѓе. Зрели луѓе.

До следниот пат, гушкајте се само со оние кои знаат да се расправаат со вас

Ана Колар

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading