Среќа во банката на спомените

Еден човек стар, со добро држење и горделив, кој секое утро во осум часот бил целосно облечен, со модерна фризура, совршено избричен, иако сосема слеп, морал да се всели во дом за стари лица.
Неговата седумдесет годишна жена неодамна починала и затоа се преселил во домот.fb_img_1536667553921
После неколку часа трпеливо чекање во ходникот на домот, пријатно се насмевнал кога му кажале дека собата му е подготвена. Додека одел кон лифтот, лицето за нега на стари лица, му опишал како изгледа неговата соба.
-“Ми се допаѓа”, му рекол со ентузијазам и без да ја види собата.
-“Господине вие сеуште не сте во својата соба, почекајте уште малку” рекло лицето вработено во домот.
-“Тоа нема никаква врска со ова”, одговорил старецот, додавајќи: -“Среќата е нешто, за што одлучувате однапред. Дали ќе ми се допадне собата или не, не зависи од тоа како е распореден мебелот, туку како јас ќе ги распоредам своите мисли…Веќе одлучив дека ми се допаѓа. Тоа е одлука која ја носам секое утро кога ќе се разбудам. Јас имам избор: можам да го поминам денот лежејќи во кревет и броејќи ги тешкотиите кои ги имам со делови од телото кои веќе не ми функционираат или да станам од кревет среќен поради оние делови од моето тело кои сеуште функционираат. fb_img_1536534224047
Секој ден е подарок и додека ми се отворени очите ќе мислам на секој нов ден и на сите среќни спомени кои сум ги одложил.
Староста е како банкарска сметка. Со неа го подигнувате она што сте го вложиле. Мој совет до вас е да вложувате многу среќа во банката на спомените”

 

 

 

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading