Разлика помеѓу машката и женската психопатија

Психопатија е пореметување кое луѓето обично го поврзуваат со мажите, но тоа е само дел од вистината. Иако психопатијата се појавува поконкретно кај мажите, истиот феномен се јавува и кај жените, само во помал број и се изразува на малку различен начин (помалку машки).

Поголемиот дел од луѓето, кога ќе слушнат за психопатија, имаат во главата слика за некој чуден човек кој убива луѓе, личности склони кон криминал и брутално насилство. Таквите луѓе имаат главни улоги во многу холивудски филмови што ги гледаме. Но во реалноста не е така. Само околу 40% од мажите и 8% од жените (во САД) се со криминално досие и може да се каже дека имаат вакво пореметување на личноста (што значи дека поголемиот дел од криминалците не се психопати).

Поголемиот дел од психопатите (и машките и женските) не се криминалци, туку се дружељубиви, насмеани и често харизматични луѓе кои лесно ги освојуваат другите. Многу психопати се успешни луѓе, ценети во општеството, многу од нив се успешни менаџери, политичари, банкари, сопственици на приватен бизнис итн. Значи, иако може да бидат насилни, поголемиот дел од психопатите никогаш не го прекршуваат законот.

Без разлика дали се работи за машки или женски психопати, овие луѓе се карактеризираат со: екстремен егоцентризам (себичност), емотивно студени, манипулативност (макијавелизам – “целото го оправдува средството”), нарцисизам (висока слика за себеси која се менува со фази на депресија и чувство на празнина), завист (кон другите луѓе кои имаат нешто што тие немаат или сакаат да го имаат), чувство на празнина (зошто бараат постојана стимулација), отсуство на емпатија и чувство на вина (кое тие го кријат многу вешто), екстравертност (овие луѓе се опкружени со луѓе, имаат голем број на познанства, комуникативни се и можат да имаат изразена социјална интелигенција), импулсивност, неодговорност (неспособност за планирање и издржување на поставените цели и планови), лажливост (која може да стигне до патолошко лажење), користољубие, алчност итн.

Психопатите имаат грандиозна слика за себе и длабоко во себе се чувствуваат празни и безвредни, затоа често се склони кон депресивни кризи и се мразат самите себе а тоа често го насочуваат кон другите. Исто така, се многу склони кон завист кон другите. Психопатијата не треба да се разгледува како феномен “сè или ништо” (или си психопата или не си). Психопатијата подобро е да се гледа како карактерна црта, која кај индивидите може да се изрази во поголем или помал степен.

Како изгледа женскиот психопат?

Нема суштинска разлика меѓу машката и женската психопатија, разликите се само во начинот на изразување кој е културно детерминиран. Жените психопати се помалку манифестно агресивни. Жените психопати често се многу убедливи, секогаш со насмевка на лице (сигурно фалшива и извештачена), зборлести, комуникативни и одлични глумици (истото важи и за машките психопати).

Тие се во состојба да ве освојат со своите приказни, да ви покажат како умеат да ве “слушаат и разбираат”. Тие просто се личности кои се лепат за вас (бидејќи преценуваат дека од вас ќе имаат многу корист) и не ве пуштаат сè додека не ја остварат својата замислена цел. Нивните жртви често се толку зачудени, мислејќи дека станува збор за вистинска љубов и восхитување, а на крајот се шокирани од целосниот пресврт на ситуацијата.

Жените психопати, по потреба, ќе бидат послушни, “полни со емпатија, разбирање и восхитување” кон вас и вашите емотивни проблеми, ќе се стават на ваша страна ако е потребно, за да создадат имиџ дека тие се толку предани и полни на љубов кон вас. Жената психопата не бира жртва случајно.

Тие многу добро ја оценуваат личноста од која треба нешто да земат, да се користат и која е погодна за тоа. Обично се здружуваат со машки лица кои се несигурни, срамежливи, често и послушни (поради сопствената незабезбеденост), благи и малку наивни.

Тие сакаат да создадат лажен впечаток дека машките доминираат во врската, бидејќи знаат дека тоа им годи, без оглед што реалноста е сосема обратна. Ако мажот почне да се противставува, можат да бидат многу манипулативни, да го направат љубоморен, да го критикуваат (бидејќи знаат кои се неговите најголеми слабости), да глумат лажна тага со цел да му создадат чувство на вина.

Генерално, психопатите (и машките и женските) сакаат да предизвикаат чувство на вина кај луѓето за да го направат лицето подложно за контрола и влијание. Затоа често избираат луѓе кои се склони кон чувство на вина и кои се премногу самокритични. Тие лесно го препознаваат ова копче кај нив и го притискаат подоцна, за да ги остварат своите себични цели.

Инаку, женските психопати не се воодушевени со овие (горе опишани) типови. Често се ‘лепат’ со слични мажи (психопати, нарциси, лица со гранично пореметување на личноста, “машки мачо”). Кога ќе сретнат “јаки мажи” (машки психопати), тие им се восхитуваат и се подготвени да поднесуваат разни понижувања (до апсолутен мазохизам).

Она што најмногу ги забуни луѓето е дека психопатите (било машки или женски) на прв поглед се често многу пријатни по изглед и однесување. Тоа е резултат на нивната многу вешта глума. Тие се способни неверојатно да лажат и да глумат различните емоции кои инаку не ги имаат (вина, емпатија итн.). Ако им сте непријатни или ги нарушите нивните интереси, ќе останете шокирани како тие “прекрасни и шармантни” личности одеднаш се претвараат во многу себични, агресивни, сурови лица кои не бираат средства за постигнување на своите цели.

Што да правите ако сте во врска со таква личност? Не се расправајте, не ги одржувајте надежите дека ќе се променат, туку бегајте како ѓавол од крст. Од таквите личности единствено може да се побегне и да се избегне. Бидете истрајни во тоа, ако е потребно сменете ги и телефонските броеви, не одговарајте на нивните повици и провокации. Спасете се себе.

www.vaspsiholog.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading