Писмото на вљубениот маж

Ти пишувам, затоа што можам да ти зборувам бесконечно… истата работа повторно и повторно. А ти пак ќе ме гледаш со тоа недоверлив израз на лицето пред кое едноставно се’ оставам…

Ми стана претешко да се повторувам, да зборувам за чувствата кон тебе.

Не сум вљубен, се лажам! Понекогаш ме пече таа вљубеност од длабочината на твоите крупни очи и ме удира, па го гушкам тоа чувство, бидејќи вљубеноста не може целосно да изчезне, таа само и’ прави место на љубовта.

Вушност, сигурен сум дека се вљубив силно во тебе, затоа сега те љубам така искрено. Љубовта не може да боли, таа е возвишена и најчиста работа, таа е тука да прости, успокои, утеши, да ги ослободи тешкотите и да ги прифати работите какви што се.

Вљубеноста, колку и да биде убава, колку и да биде пријатна, поминува, давајќи и’ место на љубовта, а може да боли, бидејќи тогаш завршува вљубеноста и проекциите за совршенство на едно суштество и почнува да се покажува вистинското лице. Во тој процес на прифаќање на другото суштество, или сè се раскинува и исчезнува или просто почнуваш да го љубиш секој дел од тоа суштество.

Убаво е, чисто е, кога знаеш на што си, кога нема преправање, кога танцуваш сериозно и уживаш во играта. Немам проблем да ти го ставам срцето во дланката, да ти речам сè што мислам и чувствувам. Бесконечно сум среќен што е вака, што знам дека што и да се случи со нас, секогаш ќе знам дека во твојата прегратка е мојот мир.

Знаеш, убаво е тоа што срцето сепак на крајот го бира свој дом и ние не се прашуваме за тоа.

Затоа… само сакав да ти кажам дека си многу убава, на зајдисонце, кога зраците ти го галат твоето мило лице, а јас се срамам од таа убавина… така, во себе.

Марко

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading