Во мојот живот нема место за негатива!

Животот е задача. Дали ќе бидеш среќен или твојот живот ќе биде фијаско, зависи како ќе ја исполниш задачата.

Животот е подарок. И овој ден исто така. Тој е добра прилика. Што ќе направиш од него? Денот можеш да го промашиш со безброј лутања низ просторот, улици, повици на пријатели или губење време во читање небитни работи, слушање, прашања бесмислени.

Можеш и бескорисно да дремеш.

Ама овој ден може да биде основа на твојата иднина. Да почнеш да поправаш сѐ она што си згрешил во минатото. Денес е тој ден…Денес можеш да напишеш mail на кој долго се чека одговор. Денес можеш да почнеш да учиш јазик кој го сакаш. Денес можеш да се јавиш на некој постар и од срце да му посакаш убав ден. Денес можеш да прочиташ книга и да го обогатиш своето срце. Денес можеш да се молиш со сето срце.

Денес можеш да ја завршиш онаа работа која долго чека на тебе..Денес можеш Се’ !

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading