Ако сакаш да бидеш среќен човек- не се враќај во минатото


Неостварените желби ни остануваат во срцето. Но, зошто е така опасно да се чуваат?

Затоа што, секоја желба се состои од одредени сили, добри, лоши или помешани и кога ќе умрете, иако не постои вашето тело, овие сили продолжуваат да живеат. Како ментална слика, тие ја пратат вашата душа каде и да оди и кога повторно ќе се родите, овие слики излегуваат како предност кон одредено однесување.

Така, на пример, личноста која умира како алкохоличар носи во следниот живот со себе склоност кон алкохолизам, која останува со него се додека не ја надмине желбата за алкохол.
Дури и однесувањето на сосем малите деца, може да ни открие одредени карактеристики од минатиот живот. Некои имаат неверојатни напади на бес, додека други молчат и се мрзоволни. Неостварените желби од предходните животи, ги обликувале овие психолошки предности и поради нив душата често не изгледа, како да е создадена по Божјиот лик.

Ако божјиот лик во вас во овој живот се изопачи, под влијание на страв и бес и ако не ги победите тие предности сега, повторно ќе се родите со нив и ќе ги носите во себе, каде и да одите во овој живот или некој иден, тие ќе идат со вас.

Со помош на расудувањето се решавате, од сите опасни желби, уште во овој живот и се фокусирате на остварување на добрите желби.
На пример ако имате склоност кон самоубиство или желба да направите некое зло, веднаш решете се од таквата желба. Уверете се, со помош на разумот и правилни постапки, дека сте вие чедо Божјо и дека сте создадени по Неговиот лик и издигнете се над својата чудливост и навика на телото.

Бидете неврзани. Ако страдате од некоја хронична болест, пробајте ментално да се одвоите од свеста за телото. Со расудување можете да завладеете со сетилата. Расудувањето е оган во кој ќе ги запалите своите желби.
Вообичаено е во подрум или таван, да се става цел вишок од непотребен ‘крш’ и повремено да се направи темелно чистење. Слично на тоа, скриени на таванот на вашиот подсвесен ум, се наоѓаат многу потенцијални штетни желби, кои еден ден можат да донесат многу неволји.

Затоа е важно постојано да се анализирате себе си. Можеби сте чудни или мразите се’ и секој; ако е така, овие вкоренети особини се последица на сопственото однесување во минатото.
За да можете својот ментален таван, да го исчистите од вишок на намештај, морате многу енергија да вложите и со љубов да направите она што е правилно, позитивно и конструктивно.


Извор:www.spiritualni-centar.org

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading