Верувајте во себе кога никој друг не верува

Ако мислите дека вашиот живот е ужас, веројатно е. Ако мислите дека заслужувате повеќе, веројатно е така. Дозволивте несигурноста да го контролира вашиот ум и така допуштивте да го контролира вашиот живот.

Ги пуштате лошите работи да победат. Никогаш нема да достигнете било кој облик на величина, ако својот живот го поминувате работејќи некои досадни работи, кои само ја црпат вашата енергија, бидејќи сте премногу мрзливи да излезете надвор и да побарате нешто што ве испилнува- тоа не е вина на некој друг, само ваша.

Никогаш нема да патувате по светот и нема да го видите Париз ако барате изговори зошто не можете да одите. Само купете авионска карта, спаковајте ја торбата и одете.

Никогаш нема да изгубите на тежина ако не ги смените своите прехранбени навики. Никогаш нема да го подобрите своето здравје ако не јадете повеќе овошје и зеленчук.

Никогаш нема да станете попаметни и нема да ги проширите своите хоризонти ако не сакате да учите од други и да читате.

Никогаш нема да бидете среќни ако постојано гледате негативно. Никогаш нема да дојдете до среќа во својот живот ако постојано сте опкружени со луѓе кои ве исцрпуваат.

Вие сте причината поради која сте незадоволни, вие сте причината зошто паднавте во рутина, вашите врски стануваат се посиромашни и постојано ги критикувате другите и барате повеќе. Тоа е се’ ваша одговорност.

Животот не ви должи, ниту пак некој друг, така да не очекувајте милион долари да се појават на вашата врата, не очекувајте да се разбудите со тело од соништата, не очекувајте дека ќе ја добиете работата од соништата ако не се потрудите.

Ако сакате нешто морате напорно да работите на тоа. Морате да се жртвувате и да туркате дури и кога работите стануваат компликувани. Морате да продолжите дури и кога се’ во вас ви вели да се откажете, бидејќи само така ќе постигнете нешто големо.

Верувајте во себе кога никој друг не верува. Никој и нема да ви верува дека можете да направите нешто, се’ додека не го направите, затоа морате да ги живеете вашите сништа за вас, бидјќи вие сте единствените кои можат да ги остварат.

Престанете да работите работи кои не ве исполнуваат, престанете да ги окривувате другите за своите проблеми.

Ако сакате вашиот живот да стане подобар, тогаш почнете да живеете така. Почнете да работите позитивно во вистинскиот смер и не застанувајте додека не стигнете таму а потоа пак продолжете.

извор: Novipocetak

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading