Не сум совршена и тоа е мојата доблест

Често пати себе се блокираме кога климаво ќе решиме да тргнеме, со страв да не згрешиме.Така?

И ќе помине животот и шансите. Поминуваат пријателствата, љубовта, приликите. Се плашиме да кажеме дека некого сакаме и затоа ги немаме крај себе. Се плашиме да гушкаме, да заблагодариме.

Се плашиме да кажеме нешто да не испадне поинаку. Да не бидеме глупи и исмеани. Се плашиме да бидеме несовршени бидејќи сите други се совршени, ние не.

Тогаш е најдобро да не се направи ништо и сигурно нема да згрешиме. Луѓето кои ги собираат туѓите грешки, или се многу строги кон себе или фокусот наместо на своите грешки, го вртат на туѓите бидејќи им е полесно.

На таквите не треба да им се даде моќ над сопствениот живот. Тие ќе заминат а ти сам со себе уште ќе се расправаш.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: