Дали молчењето е злато?

Според старата изрека, тишината е добра, сигурна и убава. Кога сте среќни, сакате цел свет да го знае тоа. Меѓутоа, среќата, како што знаете, расте само во тишина, далеку од завидливите очи. Не е ни чудо што постои една руска изрека: ‘Ќе останеш без она што се фалиш’.

Покрај среќата, во животот постојат и други работи за кои е подобро да молчите.

1. Вашите планови. Секако, не се работи за намерата да купите фустан или да одите во кино, туку од некои поголеми работи. Плановите, посебно оние далекусежните, не се вредни за спомнување се додека не преземете некои вистински чекори, а уште подобро- се додека не се реализирани. Постојат неколку причини за вакви мерки на претпазливост: прво, често плановите се само идеи кои лесно умираат под притисок на туѓи критики и скептицизам, а друго, бидејќи сте добиле одобрување, веројатно ќе ги спроведувате со помалку жар.

2.Добри дела. Во христијанството, доброто кое го правите, морате да го правите во тајност. И тогаш, според зборовите на апостолот: ‘Твојот Отец кој те гледа во тајност, ќе те награди отворено’. Ова е апсолутно точно за носителите на било која друга религија. Човек кој на секој агол се фали со својата хуманост, не е вреден за воодушевување, туку на презир. Добрите дела за него стануваат само храна за задоволување на ‘егото’ и причина за фалење. Индиските мудреци велат дека ништо не ја убива милоста како гордоста.

3.Аскетизам. Секој би требало да молчи за тоа колку строг начин на живот води. Воздржување од храна или сексуален живот е корисна работа, но само ако е во единство со вашата емоционална компонента.

4. Храброст и хероизам. ‘Внатрешните’ тестови на кои нашиот живот ги става, не се ништо помалку вредни од ‘надворешните’. Меѓутоа, додека првите остануваат тајна, другите се видливи со голо око. Но, зошто е важно да се молчи за нив? Од една страна, веќе сте добиле награда во вид на мудрост и искуство, а од друга страна, ќе ве заштити од прекумерна гордост и фалби. Громот, како велат е празен одвнатре.

5. Духовно знање. Она што можете да сфатите не е за секој. Не си ласкајте себе си. Вашите внатрешни промени ќе се одразат во вашиот живот, така да што и да е, задржете го внатре.

6. Семејни проблеми. Ако сте жена, молчете за недостатоците на вашиот сопруг пред пријателите и роднините. Ако сте маж, не велите ништо лошо за вашата жена. Така не решавате конфликти, плус луѓето нема да имаат убаво мислење за вашиот сакан. Силно семејство е она во кое ‘валканата постелина’ не се вади надвор.

7. За непријатните постапки на другите. Можете да ги извалкате и своите чевли и исто така да ја извалкате и својата душа. Душата станува валкана од оговарање, од прераскажување на нечии непријатни постапки, од грди зборови. Ако бевте сведоци на нешто вакво, нека оваа негативност умре во тишината на вашата душа. Не ја ширете оваа инфекција понатаму. Според старата изрека тишината е добра, сигурна и убава.

Извор: Stil.kurir.rs

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading